Здраво драги феминки, Би сакала да ве прашам да ли некоја од вас има правено ласерска епилација на лице-надусни кај Д-р Светлана Петрушевска? Или да ли некој слушнал дека навистина вреди да се оди, т.е да ли има добри резултати на крај? Ве молам ако некој знае и има позивитни искуства во таа ординација, пишете тука. Поздрав !
Мало предупредување, јас исто ткаа доста се интересирав на темава, читав на интернет и гледав на youtube видеа од луѓе што го документираа нивното искуство на темава од прв ден до последниот третман. Кај сите на крај испадна дека влакната им се многу изретчени во споредба со порано, но не дека веќе воопшто не им растат влакна на третираните области... Така да ти препорачувам убаво да си прочиташ (и поготово за тоа каков апарат користи докторот кај кој планираш да одиш) пред да се решиш да ги потрошиш парите...
Може да ти помогне кремата андина,ако ти се темни влакната, еднаш ја купив 420, еднаш 360 од Unique, има две состојки кои се мешаат ( ќе видиш упатство) и се нанесуваат на телото или лицето, се чува мах 5 мин и потоа влакната ти се бели, нема никакви изгореници, црвенило итн. Обично се нанесува еднаш неделно бидејќи потоа влакната ја добиваат истата боја.
Еве ве читам постојано на темава, и некако ми олеснува кога гледам дека не сум единствена со овој проблем. Јас имам изразени, црни, густи, остри влакна скоро по целото лице, некаде повеќе, некаде помалку изразени.. Досега се депилирав, уствари уште го правам тоа ама преку глава ми е веќе. Влакната растат пребрзо, изморена сум да се депилирам 2 пати неделно Исто како и кај вас, ова влијае на мојата самодоверба, дури некогаш паѓам во депресија Има некој исуство со ласерско отстранување? Колку чини и дали има ефект? Искрено спремна сум и на 1 годишен третман, па и повеќе.... колку сака долго нека фати, само да го редуцирам проблемов
ако може некој да ми ја објасни целата процедура со ласерскава депилација, колку време претходно треба да се има закажано, дали не смеат да се депилираат влакната за на првиот преглед.... а и препорака за некој доктор. се мислам јас за во дерма медика
И јас вчера прв пат се издепилирав не болеше многу но денес малку ме чеша и малку ми е црвенко што е нормално инаку и јас имав намалена самодоверба поради тоа.Но,девојки верувајте најубаво е со топол восок бидејќи побавно растат така,а и се прави еден вид пилинг на кожата и таа се чисти.
Се депилирам со Veet ленти(големите ленти, не малите), веќе неколку години на надусниците 2 пати во месецо, и не одзема многу време, околу 3-4 мин ми се потребни. А на останатиот дел од лицето, од десната и од левата страна до ушите, под брадата и на вратот се депилирам еднаш до 2 пати во месецо на лето, а на зима на 2 месеци еднаш.Досега не сум имала некои проблеми, освен што ако тргните на истото место 2 пати со лентата, лицето се нафрлува со ситни мозолчиња ама тоа ќе го забележите дури другиот ден.Среќа што влакненцата ми се плави па немам потреба многу набрзо да се депилирам, на зима речиси и не се познаваат кога нема сонце, само на лето е проблем од сонцето.. Се надевам дека помогнав поздрав
Еве најдов нешто на фб за спас од несакани влакна- Здравје и убавина пред околу еден час Narodno sredstvo protiv vlakna na lice Za priprema potrebno e: 2 ml jod, 1,5 ml amonijak, 4o ml 96% alkohol i 10 ml ricinovo maslo. Site sostojki dobro da se promesaat i da otstojat dodeka smesata ne stane bezbojna. Ova smesa se vtriva vo site delovi na liceto kade sto imate nesakani vlakna, nautro i navecer. Vlaknata ke pocnat da opagjaat posle nekoliko dana koristenje, na ovoj nacin kaj mnogu osobi doslo do trajno otstranuvanje na nesakanite vlakna. превземно од:https://www.facebook.com/zdravjeiubavina1?fref=nf Колку е ефикасно незнам.
и јас ова го видов, рецептот е за лице, ама мене ме интересира дали делува и на други делови од телото, на пр. нозе? која е разликата???
Веројатно делува и на нозе, не знам лично не сум пробала. Логично би било и да има ефект и на влакната на нозете, штом трајно се отстрануваат од рецептот. Незнам.
Сум била на ласерска епилација на надусници можеби преку 7-8 пати, ми кажаа дека треба подолг временски период тоа да го правам за да може да има ефект на повеќе корени од влакната, но јас престанав за жал и продолжив пак да си се депилирам со топол восок. Додека одев на ласер влакната можам да кажам дека воопшто не ми ни раснеа, додека сега пак кога се депилирам исто е како на почетокот, ги вадам два пати неделно и смачено ми е, така да почнувам пак со ласер, исклучиво со крема или бикче мора да се вадат влакната зошто не смеат да се извадат од корен, за ласер е потребен коренот на влакното, и ке бидам упорна и ке одам постојано додека целосно не престанат да раснат, зошто нема спас више од ова, после 2-3 дена да искочиш на сонце се гледаат црни влакна, ужас...
Па никогаш нема да престанат скроз да растат, тоа е проблемот. Ќе го платиш ласерот ѓавол ипол, ќе трае неколку месеци-година и после се по старо... Не постои ниеден начин да спречиш со нешто целосно да прекинат да растат влакненца, особено не ако им делуваш само со надворешен фактор - ласер, креми, восоци итн...
Девојки најдов нешто што може би ке помогне.Вреди да се проба. http://sezahrana.tumblr.com/post/769969 ... priroden-n
Јас пред 2-3 години правев ласерско отстранување на влакната од лицето во Силуете во Скопје ... Значи најпрво правев хормонско испитување ми кажаа дека немам такво нешто туку имам само малку поизразени влакненца и тоа е се Ок ми предложија и од болница ласерска депилација .Се распрашавме наоколу искуства од други секој разни одговори кој задоволен кој не.... Значи јас бев за надусници и под брадата делот ... Луѓе за џабе си ги дадов парите 1.поболно нешто немам осетено од тоа ласерот 2.Одев еднаш месечно мислам на +40степени и знаете ли како пече ако директно се изложуваш на сонце 3.Ме мачкаа со незнам каква заштитна крема 4.100 евра плаќав за секое третманче Имам уште многу да набројувам но доволно е Се каам што толку пари потрошив за нешто што сегане ми значи ништо влакненцата не се изретчија којзнае колку,се откажав и не се вратив повторно мислам дека е безврска трошење пари ... Еве после толку време си се депилирам со лентички за депилирање за лице... Ако сте пробале некој природен начин пр со некои од овие кои погоре се спомнати кажете ми Јас имав лошо искуство и не ви препорачувам ласерска депилација ...
Можеби некој ќе го најде спасот од несаканите влакна на лицето во видеово... http://www.youtube.com/watch?v=Rptg-5yxxlo Како што разбрав... - Кокосово масло 1/2 лажица - Брашно 3 лажици - Вода Се мачка делот кој ќе го третирате (на кој имате влакна нели) со кокосовото масло и мачката од смесата со брашно. Се суши тоа и отстранувате на начинот кој е прикажан. Баш ме интересира дали функционира. Ќе пробам сигурно, ништо не ме чини, ги имам работите во кујна.
http://zenstvena.com/uklonite-dlacice-s ... -recepata/ Пприродни начини за остранување несакани влакна.
Јас се депилиρам со топол восоκ и убаво ги вади влаκната, но бидејκи сум многу млада ќе видам за неκоја година виκаат сκρос ќе се оρетчеле деκа топиот восоκ ги гоρел влаκната или ги пρави понежни и помеκи. На почетоκот влаκната мене ми беа погусти, погρуби и поцвρсти, а сега ми се меκи и поρетκи благодаρение на восоκот κој го κоρистам. Далеκу поефиκасен е од лентите.