Во послдно време слушам за зачинот куркума. Дали некоја има пробано некој од рецептите кој помага во остранување на несаканите влакненца? Ке Ве молам за ваше лично искуство, дали и колку помага?
Здраво феминки.... И јас го имам проблемот со влакната кај ушите т.е на крајот на образите... Дали тоа е појава поради некое хормонско пореметување или нешто друго ве молам кажете ми мн грозно изгледа !!
http://www.kafepauza.mk/zivot/dreve...nata-od-liceto-i-teloto-sosema-kje-ischeznat/ Го има некој пробано ова?
Имам 15 год. и имам влакненца под носот,уствари мустачиња . Ама многу ми сметаат,зашто се приметуваат одблиску,па и од далеку.Ништо до сега немам пробано,не сум се депилирала..Па ако може некој природен безболен начин со продукти кои можан да ги набавам.. Фала однапред.
За убавина, ќе трпиш. Друго чаре, нема. Освен ласерски, ама на твоја воздраст не сум сигурно колку е возможно. А и од финансиски аспект... Депилација е единствено решение. На почеток ќе ти биде мачно и тешко, потоа ќе ти стане секојдневност Јас имам доста проблеми со влакна, дека брзо ми растат, и ги депилирам на секој 4 дена.
Обавезно отстрани ги чим се приметуваат. Безболен начин нема. Како за прв пат можеш да отидеш на депилација, обично секаде е евтина. Или ако не сакаш тоа, купи Veet ленти за надусници и некој друг нека ти ги потегне дека сама не знам колку ќе успееш уште од прв пат. Јас ги вадам на десетина дена, 2 минути работа, ништо страшно. Па и не боли до толку, се навикнуваш.
@Clover66 , како за првпат може да се депилираш со крема за депилација. Иако јас би ти ги препорачала лентите за депилација на Veet. Првпат може ќе те боли малку, потоа се навикнуваш, и си раат една недела.
Конечно закажав за ласерско отстранување. Какви треба да бидат влакненцата пораснати или скроз избричени?
Здраво дечки .. нова сум на форумот и искрено се најавив за да ве прашам во врска со влакната на лицето ... имам влакна на вратот и брадата се чуствувам ужасно и незнам што да правам ме стра доколку почнам да ги депилирам дека ке пораснатт повеќе за трајна депилација немам фин. средства дали некој знае некој лек или било што стварно ми треба помош
Женски да ве прашам топол восок од каде можи да набавам? Неколку години (откако почнав да се депилирам на надусниците) се правам со Вит ленти, но имам нежна кожа и ми се лупи местото каде што се имам депилирано. Треба да ги отстранам од употреба навистина ми штетат на кожата, па би сакала во домашни услови со топол восок да се депилирам
И, да допрашам прочитав во претходните мислења зборувате за некоја шеќерна паста, каде има, колку чини и може за цело лице да се користи?
пред неколку месеци за прв пат се депилирав на едната рака со veet и веднаш ми излегоа ситни брунки кои дури сега ми исчезнуваат , па се решив со брич затоа мислам дека имам мн чувствителна кожа и незнам што да правам со надусниците влакна фала однапред
Никако немој да се бричиш! Само депилирање... не постои толку чувствителна кожа да не можеш да поднесеш депилирање, или кај козметичар, или дома сама со депил лента. Ако после депилација намачкаш местото со крема да ти ја смири кожата, или едноставно ако нанесеш од беби талк пудра, не би требало да имаш проблем. Малку црвенило да, ама краткотрајно. Имаш и опција со крема за депилација, која што нанесуваш, почекаш неколку минути и испираш со вода, ама и тоа не е баш практично колку депилирање. Доаѓа нешто како бричење, не го вади влакното целосно од корен па затоа постепено ти ги згуснува влакната, додека со депилација со тек на време влакната ти се проретчуваат. Би те советувала да не продолжуваш со брич ни по рацете. Ќе ги згуснеш влакната и ќе ти бидат остри и дебели, ќе ти растат многу побрзо и ќе треба да се бричиш секој ден.
Нема врска ова со бричењево на раце. Ги бричам веќе две години, ни станале поостри, ни растат толку брзо. Еднаш неделно ги поминувам. Еве мојава кожа на рацете восок не трпи. Кога се депилирав ми беа црвени цела недела, башка што ме болеа како изгореници. И нозете исто. Нема зошто да ја трпам таа болка или да бидам црвена цела недела кога има многу полесен начин. Да, нозете треба секој втор-трет ден да ги средувам, ама и тоа ми е полесно, отколку да чекам две недели да израснат па да се депилирам. Ама на лице ни мене не ми се допаѓа бричење. Многу неубаво делува еден ден после. Буквално ситни црни точкички по цело лице. @kajl. оди на козметичар за надусниците, или земи на Балеа ленти за лице, тие се малечки и лесно ќе можеш да се средиш, а и не ја иритираат многу кожата. Обавезно после тоа избриши се со марамчињата кои ги има во секое пакување ленти, или пак со маслиново масло и стави бебешка пудра. Ако и следниот ден имаш црвенило направи го истото.