Читам ова за сода бикарбона е најлесно и природно. Пробал некој?Немам јас многу влакна, ама сепак ако делува тоа е многу евтин начин да се ослободите од влакна. Но, да не изгори лице, да не има некој проблем после?Нека пише кој знае.
Дали ласерското отстранувањр е влакно по влакно? И дали треба да бидат пораснати влакната пред да отидам на ласерска?
За ласерско отстранување влакната не треба да бидат депилирани најмалку две недели, а треба да ви се средени со машинка или брич, бидејќи доколку не се тие ќе горат и не е пријатно. Инаку не е влакно по влакно туку со апаратот се поминува по површината и има неколку повторувања.
А знаете ли дали мора еднаш месечно да се оди? Јас бев еднаш на 1ви ноември и скоро сите влакна под брадата исчезнаа, има уште неколку само. И сега сакам во јануари пак да одам. Тоа му доаѓа по 2 месеци. Да не се појават пак ако не одам редовно, а сега немам многу и не ми сметаат
Освен од полицистични јајници од што др.се појавуваат темни влакненца? Не се низ цело лице, само на еден дел од брадата неколку се, ги тргам со чупалица ама упорно си излегуваат. Што треба да се испита за да се знае од што се,инаку немам полицистични?
Не знам како се викаше хормонот што е крив за зголемена влакнатост, може да се појави зголемена влакнатост ако тој ти е покачен. А немор и да значи дека од него.
Чудово се вика тример. Јас го купив во ДМ од марката Ебелин, мислам дека имаше и од други производители. Во пакувањето се вклучени три тримери со различни бои. Обично го користам еднаш неделно или по потреба кога ќе забележам дека ми пораснале влакненцата. Јас сум презадоволна бидејќи убаво ги бричи влакненцата и не предизвикува иритации и акни како обичните ленти за депилирање. Цената беше околу 170 денари и ми е една од најпаметните инвестиции периодов. Еве како изгледа:
Провери си хормони, ама провери ги и прекурсорите на главните хормони, доста често никој не ги проверува нив. Имаше нешто со проверка на серумски тестостерон (не се сеќавам точно како беше и дали вака се викаше, можеби и сум грешка со серумскиот тестостерон... можам да проверам ако сакаш), мереа тестостерон со I, II, III, IV, секое мерење значеше нешто. Ако ти се во ред половите хормони, тогаш провери ги и хормоните на надбубрежна жлезда и на хипоталамусот, можеби имаш проблем таму. 17-ох прогестерон и пролактин обавезно, мислам дека од пролактинот се појавуваат влакненца на брадата само ама да не паметувам, не сум доктор. И од мое искуство, само депилација за отстранување, никако чупкање или влечење, стануваат подебели и погусти! Заборавив - не знам како си со тежина, но некогаш и масното ткиво може да предизвика зголемено лачење на андрогени хормони, па проблемот да се реши делумно (ако не и целосно) со намалување на тежината.
За цело лице е, па може и за вратот да се користи. Веѓите ги чупам и каде што не можам да ги фатам влакненцата поминувам со тримерот. Мислам дека не е соодветен за поцврсти влакна туку отстранува само потенки влакненца. Супер ми ги отстранува влакната кај бакембардите и на вилицата. Повеќе немам peach fuzz на сликите
Ќе барам од докторката да ме упати ваљда ќе знае..не се замарав од што не се многу ама си викам да не е некој здраствен проблем. Па не сум ептен полна ама имам вишок килца, метар 68 висока а сум 63кг
Како ви делува ова? Се мислам да го купам.. Јас имам ептен црни и јаки влакна на вратот, брадата, под ушите.. Немам здравствени проблеми, но како помала си мавнав брич на фацата и ете.. Сега се мачам само..
Јас не би ова,од тоа повеќе влакна ќе излезат. Претпоставувам дека е како кај мажите,колку се бричат,повеќе влакна растат Вечерва на фејс.на страницата Adil As Te видов се продава уље од мравки.Околу 550 ден.е и вика дека е ефикасно,после 4-5 мачкања се чистеле. Ако они лажат,и јас те лажам
Дечки има ли некој искуство со Philips Lumea дали е ефикасен за лице особено за бели влакна (мов) ? Гледам тој што е SC1997 е 20 000 ден. се мислам дали да купам по што многу мов имам на подбрадокот Како делува ова? Ги корне ли влакната?