Секогаш кога правам депилација на лицето ми излегуваат ситни акни... А брич не сакам со очи да видам, многу ме плаши помислата ако се зацврснат. Дали некој има позитивно искуство со лумеата на лице? Сакам да ја земам конкретно за тоа да пробам, ама до сега слушам само негативни искуства кога зборуваме за такви мали влакна на лице..
Јас имам преосетлива кожа, и лесно исфрлам по лицето, а со оваа алатка немам таков проблем. Се е океј ако си ја чистиш и дезинфицираш. Се отвара горниот дел и насобраните влакна се чистат, има и четкичка. Па потоа си ја пребришувам со етанол или било каков алкохол или средство за дезинфекција.
Се изнагледав вакви видеа и сите се задоволни како што гледам. Јас моментално ги избелувам влакната на 4-5 недели, ама сепак многу се осеќам несигурно и вака. Кога се депилирам се нафрлувам, а еднаш се избричив и деновите дур да ми пораснат буквално само го допирав лицето и се нервирав колку ми е боцкаво. Прашањето ми е, на колку време се правиш со ова? И дали лицето после брзо време веќе не ти е мазно? Како со брич на пример.. А иначе од употреба на таа кремата за избелување ми се премогу меки, и ми е страв од ова да не ми се зацврснат..
Фала ти, мислам дека ќе пробам. Размислував и за Лумеата, која е доста поскапа, ако не делува ќе биде фрлено цело богатство за ништо @Ladybug2436, има посебна тема за Лумеа... Инаку, брич на лице никако
@Larea На една недела го користам, нема ни потреба до толку, некогаш и 2пати во месецот. Немам влакна по лицето, ама имам некои ептен тенки светли скоро невидливи, секој ги има тие, а сепак ме нервираат. И надусниците нормално. Ова ги собира и наајситните боцкасти влакненца. @prominent Пробај прво со ова од топшоп, не губиш богатство за џабе. Не фрлај си пари одма по Lumea, бидејки сигурна сум дека ќе бидеш задоволна. П.с: Најдобар ефект има на чисто, измиено и суво лице. Никако врз крема да се користи. Пуштате блиц или појако светло, мало огледалце, и све се гледа кај има за поминување со депилаторот. Кружни движења најдобро и со благо оптегање на кожата.
Andina од дм ја купувам. Претходно користев една друга, не се ни сеќавам како се викаше, ама не се увезува повеќе. Оваа е супер, беше 405 ден. сеа мислам дека е малку поскапена ама не знам точно да ти кажам.
Да се вмешам во муабетот. Добра е кремата Andina. Јас ја користев пред да се охрабрам да почнам со депилација, а имам многу темни влакна, ефектот беше добар, еднаш/двапати неделно ставав Не е баш евтина, ама трае подолго време и вреди.
Јас со конец ги вадам влакната од лицето на три недели и немам проблем. Малку беше тешко на почетокот додека да ја научам техниката ама сега е океј.
Не не, на 4-5 недели можда и повеќе хаха.. еднаш ставаш ќе ги измешаш кремата и прашокот што се во пакувањето, 10-15 минути оставаш зависно од тоа колку ти се темни влакната и на кое место избелуваш ( дали на лице, тело.. мислам дека на лице се препорачува 5 минути, ама јас држам малку подолго, немој како мене пробај по 5 минути само ) и плакнеш со млака вода. Немаш потреба од секој ден пошто ќе се избелат одма, а ако првиот пат не ти се избели колку што сакаш, почекај барем еден ден пред да намачкаш пак пошто ипак е јака. И ако ја земеш прочитај го убаво упатството, пишува се таму. Нема на што.
И јас кога почнав да ја користам исто почесто ја нанесував, со тек на време ми омекнаа и немав ни потреба да ја ставам толку често пошто ми остануваат светли. И трае дефинитивно, само што ја пошто мислам дека цело тело го мачкам со неа барем пола од кремата трошам на едно нанесување.
Добро, јас само за лицето ја користев. Не ми остануваа баш многу долго светли, по една недела веќе си беа црни пак Ама сигурно е различно кај секого.
Можеби да, џабе што ми се светли кога пак се гледаат премногу... се мислам да го земам ова од Topshop, да видам дали ќе ми помогне мене, иако ми е страв хаха..
Нема од што да ти е страв, ни боли ни сече, не е брич, депилаторче е Подобро со него да пробаш отколку со нешто штетно што кошта многу пари.
Немам полицистични јајници ама на побрадокот имам 10 тина влакна кои ми излегуваат и ги вадам со чупалица, искрено ми е страв да користам некоја крема, не знам како лицето би ми реагирало.
За потемни и појаки влакненца мене кремата не ми помогнала, тие ги вадам со чупалица, на стомакот ми се имаат појавено и кога ја оставав и по 20 минути некогаш, тие не ми се избелуваа. Мене лично никогаш не ми се појавила некаква реакција на лицето, а сум ја ставала некогаш и на нафрлано лице. Имав читано некаде дека вакви креми можеш да ставаш и на лузни од акни, ги осветлувало.. јас промена во тоа немам приметено.. Сепак на секого различно, доколку ја користиш како што пишува и помалку да ја оставаш временски мислам дека не би требало лоши последици да има.