По депилација на лице за колку време никнуваат нови влакна? Вчера направив дњпилација на лице (имам пцос) и сега ми е страв да не ми никнат како брада
Здраво, имам проблем што имам влакна на брадата ама долниот дел под устата. Само таму. Не се темни ама се долги, и многу ми пречат. Немам проблеми со јајници или хормони. Вајда е нешто генетски, не знам ама имам фамилијарна историја со истово. Може ли некако да се реши овој проблем? Дали имате искуство со некој добар дерматолог или нешто?
Почни со терапија за ПЦОС за да немаш проблеми со други работи и со време почни на ласерска епилација.
Дали ви излегуваат акни после депилација со ленти? Ги користам veet розевите и обавезно ми излегуваат следниот ден мали акни на местата каде се имам депилирано. Имам и veet сини sensitive, но тие не ми фаќаат ништо. Евентуално предлог на други ленти за депилација од кои не излегуваат?
Не сум нашла такви ленти досега. Од сите ми се прават такви мали, досадни акнички. Прво мислев дека е до мене и дека не знам правилно да повлекувам, ама истото ми се случува и кога се депилирам на козметичар... За иритацијата доста ми помага кога ставам алое вера гел после депилирање, ама пак се појавува барем по една ваква акна, нема спас.
Јас го имам овој проблем,посебно откако ми е извадена матката,растат влакна по лицето,како луди. Има некој направено испитување на хормони,преку крвна слика да каже искуство. Како да се спасам,незнам,ќе полудам!
Мене ми се смирија акните така што пред депилација го мијам лицето со гел, па нанесувам бебешка пудра, па депилација (со восок во гранули или veet ленти (најчесто само за надусница)), па со маслен чистач или бебешко масло го поминувам лицето за да отстранам нешто од восок ако останало, па потоа пак го мијам лицето со гел и потоа користам само тоник и крем, серуми денот и следните ден, два избегнувам. Како и тоа гледам да направам депилација на цело лице кога ми е при крај циклусот или штотуко ми завршил. За мене ова се покажало ефективно, а претходно мака мачев со акни после депилација.