Тоа зависи само од какви се твоите влакна. Ако се тенки и меки не, ама ако имаш цврсти влакна да, бидејќи му го сечеш врвот на влакното и се чувствува на допир. Ако имаш некаков хормонски проблем и влакната ти се такви, најубаво со восок или лумеа. Ама зашо си пишала дека ти се како мов, како и да ги извадиш нема да боцкаат.
Ако планираш да ги фаќаш со Лумеа, ми се чини дека прво ќе мораш да ги избричиш па отпосле да ги третираш со Лумеата. И мене најпрактично ми звучи средувањето на овој дел со оние долгите бричеви за лице. Само внимавај да не се испосечеш, мене ми се малку страшни за употреба.
Знам дека ќе мора да ги избричам за да ги поминам со лумеата, но проблемот е шо мов се и незнам дали уопште ќе делува. Имам и светли и темни, меки се, но се познаваат многу на светлина. Да пробам со тој бричот за лице прво, па ако не ми одговара, ќе пробам накрај со лумеата. Туку, ги депилирав со ленти пред некој ден, дали да пробам дирекно со лумеата сега? Или нема корен сеуште? Незнам женски, ич незнам, советувајте ме
На Лумеата пишува ако ги бричиш можеш одма да ја искористиш тој ден А ако ги издепилираш треба да чекаш до утредента Така да пукај ја лумеата денес
Прати упатство на колку дена треба да ти бидат третманите Ден предходно издепилирај Овој период може ке се прошеташ со влакна ама после 2 3 третмани ке видиш колку малку влакна ке има Стри се додека не направиш 5 6 третмани па пиши искуство
Јас имам еден мини депилатор кој е одличен за тој дел од лицето Го користам само за раце и за лице овој депилатор. Евтин е, го има по некои онлајн страни за продажба, првиот што го купив ми се расипа, после го најдов пак, само не се сеќавам од каде точно. Имам и вакви ножиња ама не ми се баш убави Со восок немам и не би пробала на лице.
Знам. На нозете веќе имам напредок од лумеата, многу ми се проретчени, ги правев пред една недела и дури сега почнаа малку да растат и тоа споро. Ваљда ќе ми делува и на лицето. Депилатори више не ми се купува, најискрено. Се мислев за со ножињата, ако не успее ова со лумеата, ќе ги земам тие.