Истиот проблем го имав и јас со влакната на надусниците и откако почнав да ги депилирам (на козметичар) приметувам дека веќе не се толку остри и густи. И немам потреба од многу често депилирање.
Не знам друг поефикасен начин освен VЕЕТ лентичките ладен восок по цена од 160-180денари зависи во кој маркет по 2 се залепени навнатре мислам дека има 20 по пар ама не ме држете за збор и со нив има и нежни влажни мрсни марамчиња кои го отстрануваат восокот задолжително премачкување после секоја депилација а ако не можете да ја издржите болката измијте со ладна вода по депилацијата па потоа со марамчето и на крај за да го ублажите чувството ставете си крема или помада)))) Најмногу се користат за влакненцата околу устата колку што знам јас но може и на кој било друг понежен дел од телото
на козметичар и само топла за надусници и тоа по можност со нов восок за една употреба,поради исфрлање
Е да бе супер! И јас имам влакна на лицето на образите на јаболчниците за бркој и за веѓи да не збораме,сакав да се депилирам се праеле поткожни и мозолки,трајна не била ефикасна,избелување не вервам да ми помогни и многу ме збунивте! Знај некој професионалец дали треба да се напрат испитвања хормонски некој пошо јас не вервам дека имам такви пореметувања па да напрам трајна или џабе...О.о
Мајка ми имаше проблеми со несаканите влакна на лицето, поточно брадата и брковите, проблем што се појавил после пораѓањето. Отидена неколку третмани кај Др.Анчевски, цената на првите неколку беше околу 6-7000, а потоа како што опаѓаа влакната така опаѓаше и цената. На крајот дојде до цена од 3000 денари, но веќе не се чувствуваше толкава потреба за да оди и да ги гори таму, сега посетува исклучиво само козметичар. Морам да кажам дека навистина многу и помогнаа тие третмани, влакната воопшто не се познаваат како порано, арно ама имаше во неколку наврати случки кога после третманот доаѓаше дома со плачење, и излегуваа ненормални пликови и ранични на брадата посебно, среќа сега не и остана ниту една лузна. Финтата е тоа што таму ги горат, а после некое време паѓаат влакната сами и еднаш ако ти падне, трајно се губи, односно повеќе никогаш нема да излезе од тоа место. И ќе заборавев да кажам во врска со тестовите кои што се однесуваат на хормонските пореметувања, мајка ми уште пред да започне посериозно со третманите беше упатена од страна на докторката каде треба да ги направи тие испитувања, што значи дека беше МОРАЛНО. Резултатите покажаа дека има некој помешан машки хормон, не знам како се нарекува стручно тоа, па мислам дека и препишаа и одредени лекарства ама знам дека мајка ми не ги пиеше истите. Се` помина одлично и без нив. Друго што знам е дека од тие тестови може многу да се дознае, не би штетело и ти да одиш да се провериш. Сигурно не е од чиста мира таа влакнетост појавена. Има нешто и за тоа нешто сигурно има и лек. Со среќа.
Можеби само ги поткинуваш, затоа ти се прават такви ?? Убав совет имаш во постот над мене. Јас би ти рекла и да ги депилираш, сакале нејќеле, ќе се изретчат по некое време.
не знам,мене влакнетоста ми е наследна и мајка ми беше со засилено излачување на машки хормон па се депилираше цел живот,затоа не знам дали и јас да се испитам пред да почнам да се депилирам...
Со ВЕЕТ крема никако... Тоа ти е као Брич ... Со лента е најдоброоо .. ЕМ после 1 месец излагаат ем меки се... А со чупалица и Крема никакооо....
Со Веет лентите се изретчуваат ако знаеш како да ја извадиш лентата,зошто можеш и да ги поткинуваш влакненцата ако се плашиш да потегнеш како што треба ( мушки ). Јас надусниците ги депилирам со апаратче.Еве слика најдов од него. Горе прочитав никако со чупалица. Некогаш ако гледам некое влакно ќе си го извадам со чупалица. Зошто да не? Гледам со корен сум го откорнала,ништо страшно
Пробајте со кремата Андина, од лично искуство ви кажувам дека е стварно добра. Не се отстрануваат влакната, туку побелуваат и се посветли, а и потенки. Воопшто не се приметуваат. Може да се купи во секоја подобро снабдена парфимерија и е 430денари. Ова е еден предлог од мене, се недевам ќе ви помогне. Поздрав
Во која парфимерија може да се набави во две прашав ја немаа и ме интересира откога ќе се нанеси колку време влакната не се приметуваат т.е. на колку време треба да се мачкаш?
Јас ја купив од Бисер. Ми рекоа во Ким парфимеријата дека ја имале, ама јас кога барав уште не им беше стигната. Па побарав во една друга исто во Бисер, само не знам да ти казам како се вика парфимеријата. Во редот кај што се Полина(за чорапи продавница), Пеко, има една оптика мислам до неа. Ќе се снајдеш во секој случај, Бисер не е многу голем Иначе мене ми трае од прилика една недела до десет дена. Таа во парфимеријата ми рече дека ќе треба од прилика два пати неделно да се нанесува, ама јас немам потреба од толку често нанесување, зошто не се приметуваат. Поздрав и се надевам ќе се снајдеш, па ако ја користиш кажи како си задоволна
Само трајна депилација, јас почнав за влакната на брадата, не е со ласер мислам дека е со струја. Боли, ама вреди. Иначе 10 денари влакното е.
јас го депилирам со депилатор на филипс кој го користам претежно само за лице, добро ги вади и малечките и поголемите .. боли но не многу .. и најважно е што ми се изретчија