1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спас од несакани влакна на лицето

Дискусија во 'Лице' започната од natasavip, 16 декември 2009.

  1. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    А знае некој како да се избелат влакненцата со хидроген? Не ми се верува само со хидроген. сигурно треба и нешто друго. Пробал некој?
     
  2. SABAH

    SABAH Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    26
    Не сум била единствена со ваков проблем. И? Ги прочитав сите 11 страни а гледам не постои трајно решение за ова...
    Кај мене влакништата растат по вратот и на брадата. Надусниците не ми се апсолутно никаков проблем; користам восок во гранули (оној кој се подгрева) на СИЛК - единствен препарат кој не ми ја иритира кожата. Од се друго ми се прават мозолчиња, остануваат траги, а дефинитивно најголема болка почувствував со малите лентички на Veet. Восокот во гранули ми е многу погоден, но со него не би можела да го депилирам вратот, а на брадата тек тук ако извади по некое влакно. Се‘ останато морам да вадам со пинцета - не знам друг начин.
    Прв пат ми се појавија во средно и до ден денес си имам мака со нив. И не е само лицето. Знам дека е многу грозно, но ги имам и околу брадавиците. И тоа со пинцета, но во неколку наврати ми се појавија поткожни влакна и загноија, па морав сама да изигравам доктор и да ги вадам како знам и умеам.
    Освен совет за депилација, дали некоја од вас познава некој добар дерматолог во Скопје? Ама навистина да е добар... Искрено смачено ми е. И покрај тоа што имам партнер до мене и тој вели дека не му сметаат, јас не се осеќам убава со тие грозотии на мене. Сигурно ме разбирате.
    Поздрав
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Види со епилација дали ти е безбедно да ги отстраниш :).
     
    На SABAH му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SABAH

    SABAH Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    26
    А дерматолог? :)
     
  5. ColdGirl

    ColdGirl Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Сакам да си направам некои третмани на лицето како остранување на влакната кај д-р Анчевски и третмани за корекција на црвенило на лицето и проширени капилари. Дали некој од вас ова го направил, дали е задоволен и нешто околу цената ако може да ми каже :)
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не ти е добар изборот, тие што работат кај д-р Анчевски немаат врска со стручност, таа амбуланта е само набилдана реклама.
     
    На Snowbell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ColdGirl

    ColdGirl Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Ќе може да ми препорачате некоја ефикасна крема за намалување на растот на влакната после депилација ? :)
     
  8. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски

    Oбрати се кај Горица дерматолог е. Приватна ординација и работи со плави картони. Се наоѓа на Рузвелтова, веднаш до Симпо на кошот.

    Тел: 02 3093222
    Mоб: 071 234235
     
    На SABAH му/ѝ се допаѓа ова.
  9. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Кремава ја има во Бисер конечно ја донесоа и е 430ден
     
  10. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    12
    Јас би ти препорачала редовно да се депилираш и тоа е тоа
     
  11. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    31.192
    Здраво. Пред 2години ми се појави влакност кај брадата, а до тогаш немав влакна. Но нивното појавување не запре тука, со текот на времето почнаја да ми растат и да се шират скоро низ целото лице, а сега забележав и надолу на кај вратот почнуваат да се појавуваат..........инаку имам 19години. Мислам дека се работи за некој хормонски проблем бидејќи пред 2години кога појдов на гинеколог ми даде да пијам DIANE пијав 3месеци и толку. Мн има зголемено лачење на влакна, не можам да излезам денски да си ставам и пудра бидејќи ми се познаваат, а и кога ќе немам пудра пак ми се познаваат и мн ми е срам.........уф колку ги мразам нз од кај се изнајдоја да растат. Дали знаете некаква хормонска терапија, т.е. дали некој има примано дали има ефект, дали опаѓаат нешто, лек за нив........ позз
     
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Девојко, диане35 е хормонска терапија, дадена од ендокринолог, и таа треба да се почитува.
    Незнам дали ти била дадена 3 месеци или на своја рака си ги прекинала, како и да е, сфати си ја работата озбилно.
    Најпрво обрати се кај ендокринолог, го имаш и по државни болници и приватно, тој ке те упати на испитувања на одредени хормони, кои се прават на одреден период од циклусот, и врз основа на резултатите ке постапува. Ако има дизбаланс ќе ти препише терапија (најчесто за регулирање на балансот се дава диане 35) и ќе ти зададе период за наредно испистување по завршување на предвидениот рок за терапијата.
    Паралелно со ова ти препорачувам ласеркса депилација исклучиво кај дерматолог, немој никако по козметички квази салони, и со паралелна терапија и третмани ќе имаш видливи посакувани резултати.
    Уште еднаш ќе повторам, не си играј со ова, реален проблем е, сфати го сериозно, и прво што треба да направиш е да посетиш ендокринолог.

    Ова важи и за сите останати кои прашуваа погоре. :)
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    И јас имам проблем од влакна на лицето. Ми се појавуваат неколку на брадата и од страната по 2-3, но гледам дека сега веќе имам и кај вратот некое и тоа сите се такви долги. Ги вадам со пинцета, но пак се појавуваат :worried: Но во последно време имам многу и на градите исто така црни и долги, ужас !!! Незнам што да правам???
     
  14. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    31.192
    Здраво на сите :) Да ве прашам дали некоја има користено таблети "ЈАСМИН" дали помагаат за паѓање на влакната и дали оставаат некои несакани дејства? позз
     
  15. pomagajte

    pomagajte Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки, гледам дека имате доста прашања во однос на трајната депилација па да ви кажам дека јас правам трајна депилација веќе 4-та година, да бидам искрена има доста позитивни резултати.Мојот проблем започна кога бев прва година средно имав малце мовче на бакамбардите и на гушката (така да се изразам :rofl: ) и на моја ОГРОМНА грешка ја послушав мојата (тогашна) депилаторка дека ке ми се разликува лицето и почнав за жал цело да го депилирам :( е оттогаш драги мои започнаа моите проблеми, се депилирав со обичен восок можеби 5 години и моето лице стана права катастрофа моите влакна толку се размножија и станаа цврсти и црни како машка брада морав да ги пораснам па да ги депилирам за восокот да фати ми беше смрт кога ке одев на факс страм не виден ;( немав друго решение освен да почнам со трајната инспирирана од мојата братучеда која веке изминуваше 8 година од кога имаше направено а немаше влакно на нејзиното лице :clap: Прво отидов каде што и таа одеше кај д-р Ненад Пешиќ 3 третмана а требаше да направам мин 8 али тој земасе стварно скапо околу 200 евра и не ми се исплакаше па морав да одам во Битола во Аура таму има стварно послаб апарат но е 5000 ден и морам да кажам дека влакната после 10-от ден паѓаат но треба повеке третмани а се зависи од јачината и зачестеноста на влакната, пред да се одлучите за трајна сепак мора да ги испитате хормоните посебно машките да знаете на што сте, моите хормоние беа во граница но кон горна граница за побрзо отстранување ми рекоа да пијам апчиња кај д-р Ненад но мојата матична никако не ми ги препорачува да не настанат нови проблеми посебно со репродуктивните органи така јас решив да продолжам со трајната сега ја правам на 4-5 месеци а на лето ако има потреба со шеќерна депилација бидејќи не смее да се изожи на сонце поради настанување на флеки а понатака здравје боже да имам дечки ке земам хормонски апчиња и се надевам ќе го решам мојот долгогодишен проблем. Извинете што напишав олкав реферат но морав да ви кажам моите искуства зато ако немате голем проблем посебно ако немате воопшто проблем со хормоните мислам дека е добро да направите трајна бидејќи и кожата се регенерира оттогаш немам ни акни ни ништо што ми се правеше со обичната депилација а влакната сега ми се како мовче кои поради хормоните а и генетски ми се затемнуваат уште еднаш да напоменам ако го имате мојот проблем сигурно ке се раочарате а ако немате со хормоните тогаш направете бидејќи кај братучеда ми се испалти и нема влакна а еве има мин 13 год. :rofl: :clap: :lol:
     
  16. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    И јас имам на некои места зголемена влакнетост и незнам дали треба да отидам на Ендокринолог или на Дерматолог, ако има некоја искуство со ова или да знае Ве молам за совет.
     
  17. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Секако ендокринолог. Целта е да се открие причината за зголемената влакнавот а потоа и да се отсрани истата. Најчесто причината е хормонски дисбаланс што се проверува со крвна анализа. Матичниот нека ви даде упат до ендокринолог а тој си ја знае работата понатаму. Терапијата најчесто е диане 35 или јасмин (овие вториве се послаби за разлика од диането) но никако не земајте на своја рака бидејки може ДА ЈА ВЛОШИТЕ работава, бидејки можеби причината и не е хормонална, во многу случаи е и наследна... единствено што сами можете да земете на своја рака е да пиете чај од нане секојдневно барем една до две шољи и не очекувајте чуда. Знам дека ви е тешко но за да најдете решение треба да посетите доктор првенствено да ја пронајде причината. Со срека и не се откажувајте, упорните наогаат решение. ;)
     
  18. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Фала за одговорот, ќе одам на ендокринолог прво, ако знае некој приватен добар нека ми каже бидејќи во Државна не ми се чека.
     
  19. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Јас имам мали влакненца под брадата, оној делот што е кон вратот, хоризонталниот. Малецки се, црни, и многу често растат поткожно и морам да ги чекам да излезат за да ги извлечам со чупалица. Баш затоа и неможам да ги депилирам. Имам хормонален дисбаланс, и веројатно се поради тоа, но освен со чупањево, кое не ги отстранува целосно и секогаш имам црни точкички, има некој да ми каже некој друг начин за ваков случај?
     
  20. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Јас имам над устата,постојано морам да ги депилирам :( Знае некој отприлика цена од еден третман и дали има одредено возраст?