Барав низ интернетов да видам што може да се најде како решение за влакната, што опции постојат, освен ласерска депилација. Иако имам намера да се обратам на дерматолог, овие две методи што ги најдов изгледаат интересно. Во моментов (одприлика два месеци веќе) го применувам првото мачкало од видеово: http://www.youtube.com/watch?v=rjPWhnHIEUA Комбинација од Куркума, chickpea flour - што е брашно од леблебија, но јас ставам најобична леблебија ( печена, несолена) и ја мелам, со што доаѓа како прав, брашно, и малку млеко обично за да дојде како густа смеса за да може да се мачка. Исто уште една природна варијанта е оваа: http://alumpowder.net/alum-powder-and-rose-water-for-hair-removal/ Само не знам ова Alum powder каде може да се најде, освен online да се купи. Пошто се работи за природни опции за третирање на влакната, може ќе треба упорност дур се видат резултат, но ништо не кошта да се проба.
ВЕ МОЛАМ ДА МИ ПРЕПОРАЧАТЕ НЕКОЈ ДЕРМАТОЛОГ ОД ПРИЛЕП ИЛИ ОД БИТОЛА.......САКАМ ДА ОДАМ НА ЛАСЕРСКА ЕПИЛАЦИЈА АМА НЕЗНАМ КАЈ КОЈ......ИМАЛО НЕКОЈ ДЕРМАТОЛОГ КОЈ РАБОТЕЛ И ВО СКОПЈЕ И ВО ПРИЛЕП ПА АКО ГО ЗНАЕ НЕКОЈА ВЕ МОЛАМ ПИШЕТЕ МИ БРОЈ........
Ако сакаш да имаш некакви резултати (а тоа е да не ги депилираш толку често, зошто нив не ги снемува само корените им ослабнуваат) тогаш мораш да одиш најмалку 5-6 пати. Проверено
Сакам да го депилирам лицето (во последно време ми се појавија мали влакна во долниот дел на образите) ама ми е страв да не ми се зацврнат после депилацијата. имал некој вакво искуство?
Јас со вит крема за депилација на лице ги отстранувам насекаде на лицето, на брковите, на бакенбардите и брадата, мислам дека се нај okay и не растат повеќе од тоа што биле...подобро вака зошто со хидроген пак ќе се познаваат плави, ќе светат на сонце, вака ги нема
Не, не, не, не се нозе, раце, лице е колку што си биле толку си растат, на две три недели до месец ќе си се поминеш пак со лентичка и има марамчиња во вит лентите розевите, што се за лице и ќе си се намачкаш со марамчето на местото и така и јас лепам насекаде по образи, на бакенбардите...итн
Здраво Феминки, Епа вака да ви го кажам мојот проблем и се надевам дека некој ке ми одговори.. Имам влакна на надусни црни и јаки се, и на секој 3-4 дена морам да ги депилирам смачено ми е веке. Сум размислувала за ласер, се мислев кај Др-Анчевски да одам, но незнам да ли е добар да ли навистина на крај ке има добро резултати. Или да одам во Афродита-С.. Што мислите вие? што би ми препорачале кај кој дерматолог да одам или во некој добар козметички салон? се надевам дека некој ке ми одг мили ке ми биде поздрав!
Здраво, во однос на темата сакам да се надоврзам и споделам едно искуство. Имено, пред неколку месеци почнав да размислувам да направам трајна депилација на лицето(надусниците и брадата), имам темен тен, темни влакненца кои до пред некое време ги чупав па со тоа тие се ојакнуваа. Немам никакви проблеми со хормони. Со оглед дека нормално бев скептична, ми требаше повеќе време да се решам на тој чекор, но по некое време истражување и консултирање со компетентни личности решив да направам ласерка депилација и морам да кажам дека сум презадоволна. Ласерот со кој ми ја направија процедурата беше IPL, кој како што ми објаснија е специјализиран и најдобар за отстранување на влакна. Исто така ми објаснија дека колку тенот ти е посветол а влакненцата потемни, тоа третманот ќе е поуспешен, но кај мене и со потемен тен, третманот беше успешен. Всушност ласерот реагира на меланин, па ако си потемен а влакненцата не толку темни, тогаш зраците ќе се распостранат по кожата и нема да се насочат кон коренот и да го уништат. До сега имам направено два пати, од кои околу 70% ми паднаа во првиот третман. Планирам да си направам и на стомак Поздрав
Јас имам малку поинакво искуство... потемен тен сум, но и влакната ми се многу темни така да на надусници и на брадата правев со ласер можеби 4-5 пати, на секои две недели. Правилно е да се прави на еден месец, ама за време на тој месец да не ги депилираш влакната туку само со крема да ги вадиш или ништо да не им правиш, јас не можев да ги вадам со крема ми беше страв да не почнат да ми растат уште појаки, зошто фобија имав од тоа колку јаки корења имав не сакаа некои ни со восок да се вадат, и затоа ги депилирав и правев ласер на две недели. За време на тие два-три месеци колку што правев ласер влакненцата мнооооогу споро ми раснеа, но еве веќе месец дена како немам направено ласер и веднаш се познава дека пак почнуваат да растата побргу, не како порано фала богу ама не се уништено поголемиот дел.
Мислам дека е многу брзо на 2-3 недели, они препорачуваат месец или месец ипол да не ги третираш никако освен со крема. Во текот на првиот месец ги правев со крема и не приметив некоја разлика од претходно во однос на јачина на влакно, освен што ми растеа побрзо па морав да се средувам на 2 дена. Околу 10 дена после првиот третман сите темни влакна ми паднаа без корен, а вториот месец ми пораснаа оние кои не биле излезени. Мислам дека на овој форум прочитав една козметичарка убаво објасни дека постојат 3 фази на коренот на влакното, кои влакна растат побрзо кои поспоро. Мене уште на старт ми кажаа дека влакненцата што се светли или мов, ласерот нема да ги детектира и тие нема да се уништат, што не е страшно.
Здраво, MaryAnn Јас размслував да одам на ласер кај Др-Анчевски но некои викаат дека не била добар ова она.. ме интересира кај кого беше ти ако не е тајна и во кој град и колку чини еден третман на надусни?.. Долго време размилувам кај кого да одам но неможам да се одлучам.. Прочитав дека си задоволна од ласерот...Па, ако би сакала да ми кажеш кај кого беше и каде се наогаат мн ке ти бидам благодарна.. СЕ надевам дека ќе ми одговориш.. Поздрав!
Здраво, јас бев во Дермамедика кај доктор Ненад и ме кошташе 3000 ден. од третман за надусници и подбрадок, па претпоставувам дека е околу 1500 само за надусници. Инаку бев на консултација и кај Др-Анчевски, но не бев импресионирана од објаснувањето за целата процедура, мислам дури не ме ни погледнаа од блиску за да ми се утврди состојбата, нели. Поз
Во последниве неколку месеци заприметив дека почнале да ми растат влакна на брадата и кај бакенбардите и дека почнале малку да ми се приметуваат. Мајка ми вика дека ми растат од претерано земање на лекарства, ама јас за сигурно планирам на лекар да си идам ама до тогаш не знам што да правам. Страв ми е ако земам да ги депилирам дека ќе ми растат побрзо и влакното ќе ми зајакне па после дупла мака да си имам.. и една другарка ми рече да земам со хидроген да ги направам, па не знам.. некој совееееет?
И јас го имам истиот проблем.. но не толку изразен на сите делови. Нозете морам да ги депилирам еднаш неделно.. еве пошто сум во фармерки периодов решив да одморам и ги оставив две недели без депилација и веке се познава. Со вит ленти ги отстранувам влакната на лицето.. за срека имам само малку кај устата. Со депилатор ги тргам од рацете и нозете но понекогаш остануват на некои места па ги досредуам со брич (но тоа е минимално пошто знам дека повеке растат така).
Имам ситни црни влакненца над устата, а за вечер не би сакала да ги имам, ако купам ленти бидејќи не знам добро да ги вадам ќе си направам рани а не сакам, на козметичар не сакам да одам не можам да поднесам друг да ми го чепка лицето .. Ако знае некој како дома да се направи некоја маска или ако има некој начин за да се извадат овие проклети влакна ве молам нека пишее!!
Вадење влакна над усните ^ Па освен со овој метод кој го спомена погоре, друг начин да ги извадиш не верувам и дека има. Освен да земеш со пинцета едно по едно да ги вадиш.