Вадење влакна над усните Неможе да си направиш ранички,ќе си купиш од малите ленти што се само за лице,после ке ставиш пудра бекутанче или масло и готово
Вадење влакна над усните Со крем за депилација исто како со брич да ги поминала! Тие треба да се извадат од корен. А зошто ти се толку кратки? Зошто со чупалица да не можеш да ги отстраниш? Да не си ги скратила со ножички? Имаш неколку алтернативи: Чупалица, лента за депилација, машинка за депилација (МНОГУ боли), на козметичар да ти ги отстранат или да си купиш восок. Јас би ти рекла со ладен восок, барем јас со него немам проблем. Со лентите пуздер се правам, а со восоков немам гајле.
Вадење влакна над усните Јас ги отстранувам со вит лента, ја загревам со раце да се стопли, ја ставам и тргам и никогаш не сум имал проблем, а имам 3-4 влакненца фатено со чупалица и ми се многу црни
Вадење влакна над усните Јас ги имам со конец вадено и со ленти затоа ми се кратки али тоа не е решение не се вадат со корен и остануваат црни точки.. СО КРЕМА НЕ ПЛАНИРАМ НИКАКО СО ВОСОК НЕМАМ ВРЕМЕ СЕГА ДА КУПУВАМ.. не знам што да правам лелеле
Вадење влакна над усните Епа имаш уште една опција, шеќерна паста... со неа брзо ти поминува црвенило и е ефикасна.. ако имаш близу пазар, можеш да си купиш готова за 30-40 ден. или ако си у ск, до гтц близу, во Golden Rose за 110 ден. ... исто така можеш да си напраиш, ама ќе ти отиде многу време, посебно ако не си испраксирана... Спојлер Повеќе информации на: telo/depilacija-so-sekerna-pasta-t5661/
јас па со пинцета ги вадам влакната над устата. Нз, мислам дека ќе ме боли со ленти. Вака ми е најубаво.
Девојки, дајте совет како да и кажам на девојка ми без да се навреди дека има влакненца на краевите од надусницата кои и се познаваат кога не става шминка? Поздрав
има ли некој искуство со трајна депилација во дерма медика скопје населба аеродром мислам дека се наоѓа
Ах ова ме потсети на мојот прв дечко и времето кога врска немав од депилација Ми рече кратко и јасно да си ја средам надусницата оти не планирал да се бакнува со Гоце Делчев Не се навредив само го послушав Можеш слободно да и кажеш без заобиколување, мислам дека нема зошто да се налути
Колку гледам имаш поприлично годинки што значи дека и она не е мала, така да ако нејзе не и сече тоа мозокот да си се среди тогаш незнам како ти би и рекол а да не се налути. Но добро е кога е несредена само на устата а замисли да беше несредена и на друго место. Вака ти останува да затвориш очи додека се лапате. А и да те грпка малку што има врска не си ваљда до толку хомофобичар
ако толку ти смета некако на шала кажи и го ама ако ја сакаш не би требало да ти смета тоа.мислите вие машките секогаш сте измазнети на лице?нее.и вие не грепкате некогаш па што ако.....??
Ако се прајте со ленти дома, остава од лепилото малку кога ќе тргните, на една салфетка турете малце масло и поминете се, сместа се се губи. Испробано многу пати
Решив дефинитивно да ги тргнам влакненцата на надусницата иако не се ми се многу страшни. Имам две опции разгледано, првата е да си купам една крема која се продава во Космо и со која влакненцата се бојат, значи како кожата стануваат и тоа треба да се повторува на 3-5 недели. Другата опција е да отидам на козметичар и со восок да ми ги извадат. Не знам вие што мислите за ова? Се плашам ако ги издепилирам дека после тоа ќе ми се појават појаки влакна и поцрни, а овие сега како мов ми се малку само...А па вака обоени може пак да ми се познаваат кога ќе се шминкам...
За сите оние што имаат проблем со несакани влакан на лицето ЕДИНСТВЕНО и ТРАЈНО проблемот можат да го решат со трајна епилација - ЛАСЕР. Нормално дека кај нас има ласери што ги бива и не ги бива. Јас сум била на 2 места, секако дерматолошки ординации. Во промедика каде што бев првпат не ми падна ниту едно влакно ( направи 2 третмана) и немаше никаква промена. Но, по препорака на една моја другарка отидов во една новоотворена дерматолошка ординација во аеродром( мислам дека се вика дерма плус) и ми објаснија дека ласерот што го имаат е произведен 2012 година и дека е многу добар( мислам дека Асклепион е ласерот). Сега по направени 3 третмани на цело лице се останати неколку влакна. Презадоволна сум и на секој кој што има ваков проблем нека го проба зашто ласерот е одличен пошто друго решени нема,сум пробала предходно буквално се.
Tаа крема ја има во Космо и во Супер Тинекс мислам може да сенајде...Има 2 пакувања поголеми коштаат 240 ден..Значи долго време ќе ја имаш, пошто еднаш месечно се бојат...Заборавив само како се вика...Ама една е, нема да утнеш.