Јас имав земено ваучер за роденден масажа+користење на спа,вкупно за двајца кошташе 2800(со 20 посто попуст, имам картица за попуст во парк резиденс).
Јас одам во Сандански во Бугарија, во Интерконтинентал хотел и плаќам по 27 евра за нокевање, појадок и користење на цел спа центар...бањарки и пешкири нели, нормално.
Да не мислиш на Интерхотел? Таму е доста поскапо секогаш кога сум гледала. Ако е друг те молам прати ми линк, не можам да го најдам.
Вреди за сите пари, верувај. Во јануари ќе одам по 4ти пат. Викенд е поскапо, поточно ноќевање во петок и сабота. За Божиќ 05.01-07.01 2 возрасни лица е 140€, 2 ноќевања со појадок и користење на се, сауна, СПА, 3 предобри базени итн. итн.
И мене ме интересира истото. Секаде кај што прочитав reviews се жалат на ладна вода во базените. Има некое спа место во Мк што вреди да се посети?
Спа во Сириус- Струмица е добар и во Арена Тетекс- Попова Шапка. Го фалат многу и Тино Свети Стефан, ама таму не сум била.