Спа центар за бебиња

Дискусија во 'Бебе' започната од *Ane*, 29 јули 2017.

  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Отворам да ги видам цените и смешен ми е овој дел:
    Напомена: Спа сесијата препуштена на вас се наплаќа на почеток. Парите не се враќаат во случај клиентот да одбива да плива. Напомена: Спа сесијата препуштена на нас се наплаќа на крај. Парите не се наплаќаат во случај клиентот да одбива да плива.

    Читаш клиентот, а клиентот е бебе со насмеана фацка.

    Инаку овие сесии се припич, без место за дискусија. Паметам како мајка ми го масираше брат ми после секое капење, а го капеше во мало коритце во кое имаше простор брат ми да ги шлапа рацете и нозете. За преку лето имавме поголемо и подлабоко корито во кое сум се шлапала јас а и брат ми. Без гума, ама со играчки.

    Е сега, ако родителите имаат доволно пари да си дозволат вакви сесии за да мајката се одмори 30 минути, тогаш океј. Ама спа за бебиња е само една обична фенси собиранка за оние со бајаги подлабок џеб.
     
    На azelea и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.114
    Пол:
    Женски
    Според мене не ги намалиле цените, него ги модифицирале, што значи примениле одредена маркетинг стратегија, бидејќи сфатиле дека на големо биле искритикувани :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    95.187
    Пол:
    Женски
    Добра идеа за брзи пари:).
    Каков спа какво пливање,бебе лебди во вода и се шлапка,па една филозофија во масирање на бебе(facepalm)
    Интересно е можеби да се доживее,за родителот де,оно нема ни да памти:),ама цената е превисока за наш стандард.
    Ова ме потсети на оние солени соби пред некои 7-8 години што се отворија,со маркетинг стратија базирана на еден куп здравствени придобивки,а сега не верувам дека постои бар една.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.