Ме интересира дали сте биле во некој спа центар и какво е вашето искуство. Сакам конкретно да прашам за катлановска бања, а и доколку имате искуство за некои други може слободно да споделите. На веб страната на катлановска бања гледам има интересни понуди за третмани ама немам искуство какви се. http://www.katlanovskaspa.com/mk/?id=3 Дали некој има искуство да сподели?
Не знам за Катланово, а ме интересира. Ама, најблиску што знам и што е уживање за сите сетила е Радика на Маврово. Базен, сауна, солена вода, парна бања. Цената е малку соленка, ама уживањето е бесценето.
препорака за некој хотел со спа (џакузи, базен итн.) во Скопје и околните градови? (Да има џакузи обавезно)
Не ви е гадно бе да влегувате во џакузи и/или када во хотел? Хотел Сириус во Струмица Хотел Изгрев во Струга Според мене, Изгрев е врв! На овие од Катлановска бања, ич не им верувам. Пред 5-6 години исто прочитав дека реновирале, ко отидов, испадна дека е само дневен центар со џакузи и масажа. Многу би сакала да чујам дали овој пат е навистина нешто сменато, или и ова е патка.
Не ми текнува за спато цена колку беше, цените за масажи им се движат од 1500 па нагоре, а само за спа дали беше исто 1500 или 1200 не ми текнува искрено. Можеш да се јавиш директно во спа центарот, ќе ти објаснат што и да те интересира. Само предходно треба закажано да ти е пред да одиш.
Хотел Парк нема џакузи, има топли кревети, базенот последно ко бев беше преладен, и има сауна и парна бања, во која имаше врела вода 2-3цм по земја и не се газеше внатре.
Здраво, за роденден ме частеа ваучер спа - 3 часа и масажа во Хотел парк. Е сега за масажата знам, сум била, но дечки за спа-то како оди тоа. Досега не сум била на спа па не знам дали има редослед на тоа што користиш, 3 часа ми се чини многу или не знам?!?