Eпа испитај си, може да имаш и од тоа да ти е. И доколку имаш мутации за тромбофилија, трансфузиолог те покрива со терапија. За почеток тоа испитај, има и други работи:торч, кариотип, ова ни јас го немам испитано.
Обично за нормална морфологија на спермата се смета од 4-14% , така да кај сопругот твој е во ред. Во денешно време многу од спермата изгледа абнормално под микроскоп. Абнормален сперматозоид може да оплоди, само може да има потешкотии до јајце клетката ради формата. Нормална бременост може да се случи и од абнормален сперматозоид на изглед, а додека спонтан може да се случи само ако истиот тој сперматозоидот носи лоши гени. За жал спонтан неможеме да знаеме од што е, ама ќе ти препорачам да си испиташ мутации и хемостаза ако немаш до сега. Исто и кариотип ако можеш. Поминав спонтан и убаво те разбирам за сѐ, ама ќе биде не се грижи
Да, кај Железничар без упат, само со лична карта 300 ден. Што не ви побараа, спермограм? Нас во Систина пред ивф процес ни побараа спермокултура и инфективен скрининг, дека им помина 6 месеци. Како и да е за ваучер бараат спермограм и инфективен скрининг од двајцата.
Нас баш ни побараа во Систина пред ивф процес, мојот беше понов, на мм му поминаа 6 месеци, и ни побараа нов, ова беше во Декември. Извини, сега сфатив дека за спермограм не ви побарале хепатит б и ц. Сега сфатив.
I kaj nas e slicno. Mojot maticen veli deka nema sansi Po priroden pat da ostanam so ovoj rezultat. Ova go negira I urogolog,I dvaca if doktorot. Pred ova imav spontan,se spremam za insemenacija za koja ne se nadevam mn
Слушај си го инф докторот, сепак многу повеќе знаат од матичните. Јас со мојот матичен не се ни консултирам околу инвитрото.
Zdravo me interesira dali na klinika od istiot materijal moze da se napravi i spermokultura i spermogram ili pak treba rezultatite od spermokulturata da bidat izlezeni pa potoa da se pravi sprermogram? Ushte edno prashanje dali ima vremenski rok za hepatit i hiv virus od koga bi se prifatile, primer dali dokolku e napraven hepatit, hiv virus 10 dena pred spermogramot ke bidat prifateni rezultatite od hepatit, hiv virus koga ke se pravi spermogram? Vi blagodaram mnogu na odgovorite
На различно место на клиника се спермограм и спермокултура. Спермограм се прави на ГАК на 3 спрат, а спермокултура на микробиологија. Два различни упати се. Не знам кој точно е временскиот рок што е прифатлив, но 10 дена немаш гајле. За ин-витро е 6 месеци на пример.
Важат, спермограм мм правеше на хистологија, спермокултура во институт за јавно здравје, на клиника, пред хистологија.
Здраво, Сопругот пред 3 месеци направи спермограм во Индус медика кој беше со нормален наод но со гранични вредности за подвижност и морфологија. Сега направи испитување на ГАК вредностите се многу полоши за сите параметри. Како е можно да дојде до драстично влошување за 3 месеци? Ако има некој и препорака за добар уролог.
За жал може да се влоши за три месеци, колку што ги имам читано и членките погоре има доста вака што им се дава терапија на мажите и следно испитивање е за три месеци. Така да како што може да се подобри за три месеци може и да се влоши. Е сега кој е факторот за влошувањето, само доктор најдобро. Поискусни членки ќе ти предложат најубаво.