Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спермограм

Дискусија во 'Бременост' започната од stevemila, 15 септември 2011.

  1. alb

    alb Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    исто и ние таму правевме и дијагнозата беше супер иако брзо прогресивни беше 0 исто како кај вас. После излезе дека имав воспалење на грло на матката и со 15 ден терапија се се среди. Њу борн според мене врска немат
     
  2. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    33.342
    Пол:
    Женски
    Имате добар вкупен број на сперматозоиди, најверојатно ради тоа ви рекле супер. Кој доктор ви го прочита?
    Според мене, треба да поработите на подвижноста, да скокнат барем малку брзите сперматозоиди, дека ви се 0% , а обично брзите се тие што први стигаат до јајце клетката. Би ти препорачала да направите и спермокултура, дека е 8.0, можно е и некоја бактерија да има, на мм му беше толку и испадна дека имаше и примаше антибиотици.
    Пробајте со Профертил, здрава исхрана и сомелени јатки во мед, по една до две лажици на ден.
     
  3. Frida13

    Frida13 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2024
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Др. Хаџи Лега, и ништо не ми кажа за тоа што е 0%,спермокултура и тоа што е 8.0
     
  4. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    1.139
    Пол:
    Женски
    Јас верувам само во спермограм во систина и ремедика. Во њуборн многу коментари имам читано дека драстично поинакви резултати дава. Ако веќе се дава пари систина или ремедика
     
    На Hope IT му/ѝ се допаѓа ова.
  5. I.Ta

    I.Ta Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Здраво, кај маж ми на спермокултура искочи дека ја има бактеријава escherichia coli, некој да пише искуство, уролог, терапија како оди ова кај машките?
    Пред неколку месеци имав спонтан, правевме неколку испитувања и ајде и спермокултура рекоа да испита и искочи ова сега
     
  6. Aledarkali

    Aledarkali Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Каде во охрид може да се испита спермокултура и спермограм ако знае некој да ми каже
     
  7. Dzoka

    Dzoka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2022
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Мислење за дијагнозава? Лани имавме нормозоспермија, сега собираме документи за ивф и овој резултат го добивме во Њу борн
     

    Прикачени фајлови:

  8. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    33.342
    Пол:
    Женски
    Волуменот ви е слаб мила, концентрацијата и вкупниот број ви се супер. Да си направите спермокултура, pH ви е височко.
    Исто така имате добра севкупна подвижност, само да поработите малку на подобрување на волуменот и на брзите сперматозоиди, дека ви се 0% . Барем малку да ви мрднат.
    Маж ми имаше лесна олигоспермија, пиеше Профертил 3 месеци и pH му беше исто како вашето, па пиеше антибиотици. После 3 месеци имаше многу подобрување, нормален спермограм :)

    Ама ова ти го кажувам дека ние бевме со инсеминација и таму бараат повеќе, за инвитро оваа ви е топ.
     
    На Dzoka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dzoka

    Dzoka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2022
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    @QweenSM
    Не знам, ми падна многу тешко кога го видов резултатот, бидејќи досега секогаш имал нормален резултат. Еве го прикачувам последниот спермограм од лани, можно ли е толку разлика да има во период од година дена. Ме плаши тоа што сега има само 4% со нормална морфологија ;(
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2301.jpeg
      IMG_2301.jpeg
      Големина на фајлот:
      123,5 KB
      Прегледи:
      47
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.291
    Допаѓања:
    7.403
    Пол:
    Женски
    За Три месеци може да има, ама спермата лесно се регенерира. А спермокултура испитавте? Да не има нешто таму што влијае на спермата.
     
  11. Dzoka

    Dzoka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2022
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Лани да мила направивме, чисто беше.
    Сега не, затоа што го направивме колку да имаме два спермограми за ваучер, не ни очекувавме дека ова ќе се појави :fubar:
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.291
    Допаѓања:
    7.403
    Пол:
    Женски
    Се менува, доста време е поминато. Направете пак спермокултура. Најубаво да не има некоја бактерија нешто па да си пие антибиотик и ќе му се среди.
     
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.514
    Пол:
    Женски
    Да направи повторно спермокултура и да јаде јаткасти плодови со мед.
     
  14. Goat

    Goat Нов член

    Се зачлени на:
    19 август 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите, нови сме на фемина форумот, ни треба ваше мислење кој може да не посоветува би ни било многу од корист. Ви благодарам!
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1987.jpeg
      IMG_1987.jpeg
      Големина на фајлот:
      332,3 KB
      Прегледи:
      48
    • IMG_1989.jpeg
      IMG_1989.jpeg
      Големина на фајлот:
      290 KB
      Прегледи:
      49
  15. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    На третата страна од спермограмот треба да имате резултат за морфологијата и вашата дијагноза. Бројот и концентрацијата на сперматозоидите се многу ниски. Земајќи во предвид дека за инсеминација да има подобри шанси за успех, генерално требаат повеќе од 10 милиони/mL по обработката на спермата (Swim-Up метод), мислам дека ИВФ е опција за вас.

    Добрата вест е што сепак сте со дијагноза што има сперматозоиди, а и од ФЗО не треба да ви бараат Инсимнации за ваучер (подолу е слика од правилникот за БПО). Потребни ви се два спермограма од различни институции, на растојание од најмалку три месеци.

    Добро е да направете дополнителни анализи: Спермокултура, Спермо урео плазма, Androflor screen анализа со Real Time pcr, ДНА фрагментација, Оксидативен стрес тест, Ехо на тестиси... Дополнително, разгледајте за витаминска терапија, нас ни ги препорача Fertil Maх.
    Исто така, вклучете во исхраната јаткасти плодови со мед.

    Со среќа!
     
  16. Nensi_k@#$

    Nensi_k@#$ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2021
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Девојки кои други суплементи освен профертилот се добри за подобрување на сперма
     
  17. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Нас ни ги препорача Фертил Мах

    https://24apteka.mk/product/fertil-max-120-капсули/
     
  18. Nensi_k@#$

    Nensi_k@#$ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2021
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
  19. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.514
    Пол:
    Женски
    Или Фертил Мах или Профертил.
    И да јаде јаткасти плодови со мед.
     
    На Nensi_k@#$ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Две табелите, два пати на ден. Сепак земете ги само со препорака од доктор. Нас ни ги препиша ембриологот.