Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спермограм

Дискусија во 'Бременост' започната од stevemila, 15 септември 2011.

  1. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    256
    кои се цените во ремедика и систина за спермограм и спермокултура ? и што со резултати од авицена, рамус и др лаборатории?
     
  2. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Ова се цените што ги имам од пред неколку месеци и претпоставувам дека се слични секаде. Во Плодност, спермограмот беше многу подетален обработен отколку во Ремедика, па според моето мислење, ако се двоумите помеѓу Систина и Ремедика, можеби е подобро да се одлучите за Систина. (барем колку што сум гледала од резултати што споделувале членките).

    Цени за Плодност:
    - Спермограм: 4500 денари
    - Инфективни тестови: 2000 денари
    - Спермокултура: 1200 денари

    Цени за Ремедика:
    - Спермограм: 3400 денари

    Исто така, ни побараа и инфективните тестови во Ремедика, но ги прифатија тие што веќе ги имавме од Плодност.
     
    На nice-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NewDay

    NewDay Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Zdravo, mislenje od vashi iskustva :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_7401.jpeg
      IMG_7401.jpeg
      Големина на фајлот:
      279,7 KB
      Прегледи:
      84
    На Лалина му/ѝ се допаѓа ова.
  4. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    2.592
    За жал, не е добар... волуменот е мал и бројот на сперматозоиди е мал, исто така 90% се неподвижни и морфолошки неисправни... Секако и доктор ќе ви каже, ама ова треба посета на уролог, да се направат подетални испитувања, и да се почне со земање на терапија.
    Инаку, нашиот најпрв спермограм беше со ист наод - олигоастенотератоспермија, меѓутоа откривме дека сопругот има варикоцела. Пиеше профертил 3 месеци, витамини А 5000, Ц 1000 , цинк и б-комплекс и секое утро мед со јаткасти плодови и сега наодот ни е олигоспермија.
     
    На Лалина и NewDay им се допаѓа ова.
  5. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Како што пишувала и членката погоре, за жал, спермограмот не е добар. Имате проблеми со подвижноста, бројот и морфологијата на сперматозоидите.
    Според моето мислење, веќе треба да имате добиено препораки за IVF ICSI.
    Исто така предпоставувам дека препораката за ИВФ е без претходни инсеминации, особено бидејќи со ваков машки фактор фондот треба да одобри ваучер без потреба од инсемации. Во мојот случај, со дијагноза олигоастенозооспермија, по првата инсеминација веднаш беше препорачано да преминеме на ИВФ, без дополнителни инсеминации. (Еве сега за жал, од Фондот ми побараа надополнување и ќе морам да правам дополнителна Инсиминација.)
    Исто така, мој совет ви е да си прашате за тест за ДНК фрагментација и за MACS методата. Методот MACS помага да се изберат најдобрите сперматозоиди при ИВФ, што може да ги подобри шансите за успешна фертилизација и развој на ембрион при ИВФ.
    Дополнително,прашајте си и за терапија пред постапката. На сопругот му се препишани Fertil Max и Genante.
    Со среќа! :l:
     
    На Лалина, NewDay и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. NewDay

    NewDay Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    :):):):):)
    Da za IVF ni rekoa no sakame i na urolog da odime za soodvetna terapija. Vasha preporaka
     
  7. NewDay

    NewDay Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Kaj koj doktor odite
     
  8. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Јас не би знаела да препорачам уролог. Сите анализи ги направивме по препорака на ембриологот Стефан од Плодност. Исто така и терапијата ни е од него. Оваа се испитувањата што досега ги направивме кај сопругот: Спермограм, Инфективни, Спермокултура, Спермо урео плазма, Androflor screen анализа со Real Time pcr, ДНА фрагментација, Кариотип, Ехо на тестиси..
     
  9. NewDay

    NewDay Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    I nie tamu odeme I nishto ne mu dadi terapia insistiraa da se pocne so postapka za na kraj da nema rezultat…
     
  10. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал. Ти посакувам следен обид да ви биде успешен :l:
    Јас го прашував повеќе пати и за испитувања и за терапија, после неколку консултации, поточно после испитувањато на ДНК фрагментација ни дадоа терапија..
     
    На NewDay му/ѝ се допаѓа ова.
  11. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    2.592
    Премал е бројот на сперматозоиди, мислам дека нема да може да се направи ДНА фрагментација. Ние пред 10тина дена сакавме ама за жал не се направи... Ние не сме од Скопје, во нашиот град посетивме уролог на државно кој многу се заложи за состојбата и направивме доста испитувања, што тука кај нас, што во Скопје на клиника и приватно за да откриеме што е причината за ваков спермограм.
     
    Последна измена: 4 септември 2024
    На Лалина му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NewDay

    NewDay Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Nz Kade da se upatime, nz so da mislam premnogu sum isplashena, od Kade da pochnam…
     
  13. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    2.592
    Без страв те молам. Машкиот фактор е каде каде полесно решлив од женскиот. Доколку сопругот/партнерот е решен да го третирате проблемот тогаш нема потреба од страв, со денешнава медицина сите ќе бидеме мајки, само треба упорност и трпение. Прво, може твојот сопруг да се обрати кај својот матичен лекар, матичниот нека го упати на уролог. Од тука ќе си почнете се што треба, а во исто време може да си правите и консултации со ивф специјалист. Ние бевме доста упорни, сите испитувања ги завршивме за 2 месеца. Ние дека со варикоцела, урологот не советуваше за операција, меѓутоа ивф специјалистот не разубеди сега за сега да не ја правиме... Само полека, смирено без страв :l: најважно е вие двајцата да делите исто мислење и да немате недоумици и недоразбирања низ процесов кој е психички мнооогу тежок.
     
    На Лалина, NewDay и Hope IT им се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.791
    Допаѓања:
    34.480
    Пол:
    Женски
    Александар Мицковски го фалат, уролог.
     
    На moni.poni и NewDay им се допаѓа ова.
  15. I.Ta

    I.Ta Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Isto taka ispitajte i spermokultura ako nemate ispitano, leukocitite se 3
    Moze ima i bakterija, najdobro i toa neka ispita
     
    На NewDay и Hope IT им се допаѓа ова.
  16. Koly

    Koly Нов член

    Се зачлени на:
    16 септември 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите!

    Сакам да прашам дали некоја има затруднето или познавате некоја шо има додека мажот бил на антидепресивна терапија поточно (SSRI) Имам страв дека можеби му е оштетен генетскиот матријал и дали би се родило здраво дете. Ве молам доколку некој имам некое искуство или познава некој со вакво искутво, да ми одговори. Фала!
     
  17. Лалина

    Лалина Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2024
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Иста дијагноза, навистина лош смермограм на почеток, прво со терапија од уролог од систина, витамини за пиење 3 месеци, па си извадивме материјал за да ивф постапка, супер материјал се оплодија доста јк кај мене што е голем успех за само 3 месеци терапија. Едно успешно ивф со детенце и од замрзнатите сега сум повторно бремена со второто ивф кое беше исто веднаш успешно на природен циклус. И јас се согладувам дека машки фактор е полесен за решавање од женски фактор, со лесно, мора малку да се поработи на состојбата на сопругот, па потоа ивф и ќе биде :)
     
    На Rozevata, NewDay, Joanna28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. terestrias

    terestrias Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    39
    Zdravo,

    Nekoj da ne ima skoro praveno spermogram so spermokultura vo sistina?
    Ako moze da spodeli iskustvo i informacii okolu cenite?
     
  19. Acka22

    Acka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2015
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    999
    Пол:
    Женски
    Imas popust vo Indus medika 1500den spermogram i spermokultura samo ke treba da si kupis vaucer na kupinapopust.mk
     
    На terestrias му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.791
    Допаѓања:
    34.480
    Пол:
    Женски
    И во Генеа е 1.500, ама не знам колку се веродостојни.
    Нас ни требаше за ваучер, дека бараат два од две различни институции и затоа не ми беше важно каде ќе се прави.