zdravo, me interesira dali nekoj imal dva razlicni rezultati za spermogram? Sistina i na drugo mesto? Dali vo Sistina vi iskocile nesoodvetni rezultati?
Спергинн форте по две на ден, и промена малку на животен стил, трчање кардио вежбање, да се намали кафе, цигари, пиење скроз да се исклучи, благо да се намали. Повеќе протеинска храна. За месец до два подвижноста се подобрува и квалитетот на спермата. На пријателка сопругот за два месеци го среди, работата му беше само седечка и зетот исто.
Да да, затоа и ти пишав. Мора малку да се смени животен стил. Јас сопругот му зборев и покрај одличен спермограм затоа што е физички активен и пази ама не му дозволував да пие тој период додека работевме на случајот. Како жената што работи да се подобри и да се храни здраво и све така и мажот треба.
Здраво, може имате пишано погоре, ама многу пораки се, од кои клиники ги признаваат спермограмите за постапка за ивф? Или за пократко, од кои клиники не ги признаваат за преку фондот?
Здраво, дали неко ко има познаванье може да даде коментар за резултатите од спермограмот? OLIGOASTHENOZOOSPERMIA GR II
Здраво, Најпрво ќе вклучам краток опис за дијагнозите од спермограмите: • Олиго – Намален број на сперматозоиди во ејакулатот. • Астено – Намалена подвижност на сперматозоидите. • Терато – Зголемен број на сперматозоиди со абнормална форма (нормална морфологија треба да биде >4%). • Азоспермија – Отсуство на сперматозоиди во ејакулатот. • OAT синдром (олигостенотератозооспермија) – Комбинација на намален број, слаба подвижност и абнормална форма на сперматозоидите. Вашиот резултат олигоастенозооспермија укажува на намалена концентрација и подвижност на сперматозоидите. Но според степенот, за жал резултатите се значително ниски... • Концентрација: 1.18 милиони/мл (нормално >15 милиони/мл) • Вкупен број сперматозоиди: 2.37 милиони (нормално >39 милиони) • Вкупна подвижност: 40% (нормално >40% → на долна граница) • Прогресивна подвижност: 27% (нормално >32% → намалено) А како дополнителна точка, по обработка на примерокот не се пронајдени подвижни сперматозоиди... Консултирајте се со уролог – Да се истражат можни причини што влијаат на резултатите, како: хормони, ехо на тестиси, спермокултура, Androflor Screen анализа со PCR метод... ( сигурно има и др. испитувања што не ги знам...) Гледајте колку е можно подобрување на животниот стил: физичка активност, поздрава исхрана (ембриологот нас ни препорача медитерански исхрана) и суплементи (CoQ10, цинк, витамин D, L-карнитин – може да прашате за нешто слично како Fertil Max- не ги увезуваат повеќе...) Поради отсуството на подвижни сперматозоиди по обработка, ако тестот е направен во контекст на обиди за забременување, ваучер за IVF би се одобрил без потреба од претходни инсеминации. (Според правилникот за БПО, за спермограми со резултати под 4 милиони, не е потребно да се прават инсеминации) Сепак, мое мислење, пред да се пристапи кон IVF, потребно е да се испитаат можните фактори што влијаат на квалитетот на спермограмот и да се утврди дали има простор за подобрување...
Здраво Молам за совети во врска со спермограмот многу сум загрижена во врска со резултатите од истиот има ли надеж. Резултати од спермокултура ќе имам во понеделник Кај мене се испитани хормо, микробиологија Амх се е во ред уште хсг ми остана дали да направам или прво да се среди спермограмот
Нема потреба да правиш хсг. Мора прво консултација со уролог за сопругот. Да ви кажат терапија витамини.
Здраво, Доколку пишуваше ланската Hope IT, би ти рекла без двоумење да аплицирате за ваучер за ИВФ, со ваков спермограм нема да ви бараат инсеминации. Јас го направив тоа – но по првата инсеминација, бидејќи тогаш имавме појасна слика и па веднаш аплициравме за ваучер (нашата дијагноза: олигоастенозооспермија). Од сѐ што сум слушнала и прочитала, машкиот фактор често е полесно решлив со ИВФ. Но, денес од искуство сметам дека и минималните подобрувања значат многу, секако тоа не значи дека треба да се губи многу време. Дијагнозата 'олигостенотератозооспермија' укажува на комбинација од намален број сперматозоиди, слаба подвижност и абнормална форма, што значи дека сперматозоидите имаат потешкотии со движењето и не можат да достигнат до јајце клетката. Морфологијата на сперматозоидите исто така е нарушена, што може да влијае на нивната способност за оплодување. Консултирајте се со уролог. Сигурно ќе ви препорача и дополнителни анализи, овие ги знам:хормони, ехо на тестиси, спермокултура , Androflor Screen анализа со PCR метод и ДНА фрагментација.. Може да постојат и други тестови кои ќе помогнат за појасна слика.. Работете и на животниот стил – зголемете ја физичката активност, поздрава исхрана (ембриологот ни препорача медитеранска исхрана), и суплементи како комбинација од CoQ10, цинк, витамин D, селен и L-карнитин (слични на Fertil Max, овие не се увезуваат). Во однос на хсг, не гледам причина зошто да не го направите – ќе ви помогне да имате појасна слика за проодност на тубите... А за аплицирање на ИВФ ваучер, секако бараат и хсг .
Благодарам, закажав кај Мицковски па ќе видиме, малку поскапичко е ама тоа е само правилна дијагноза и терапија да има
Zdravo, dokolku mozhe nekoja clenka neka mi pishe shto imala iskustvo so treman na Escherichia coli i Asthenozoospermia. Blagodaram odnapred.