За упат на мм му даде општ матичен на Хистологија (Клиника). По приватниве во Генеа беше најефтино 1.500. @NewDay Профертил да видиш во аптеката во Систина, јас кога прашував за женски Профертил во Еурофарм ми кажаа имало во Тафталиџе, може има и за мажи, провери и во Жива фарм. Во Германија се поефтини, ако имаш некој да ти донесе. @praski4e во Систина не настојуваа да правиме кај нив, мм имаше од Хистологја и Генеа.
Здраво на сите, сакам да прашам дали на некоја членка маж има скоро правено операција на варикоцела, каде и колку чини на приватно? Секое искуство и препорака се добродојдени
Да се комсултираш со уролог вајда ќе ви препорачаат некој ние сме Адоволни од мицковски сега е во систина
Ќе поднесеме за ваучер па ќе видиме, ако добиеме ваучер ќе тераме одма ивф, ако не ќе правиме инсеминација уште една. Сега за сега не спомнаа за замрзнување,чекам рез од амх.. Па понатака ќе видиме.
Девојки може е глупо прашањето ама како успевате да стигнете за 15мин до клиника? Со примерокот нели, дома направен.. Страв ми е дека во сообраќај или било што може да заглавиме и да не биде релевантен примерокот… Таму има опција вц? Дали одма штом ќе влезе ќе може одма да го остави примерокот, да не има гужва чекање па и таму да се изгуби време. се извинувам на прашањата, маж ми се испаничил па да планираме
Здраво девојки. Маж ми минатиот месец правеше спермограм и резултатот беше астеноспермија. Насока беше да зема профертил, а исто така пие и плус витамини. Јас правев хсг се беше во ред и ми рекоа интензивни односи со цел за бременост. Мојот гинеколог вели дека ако останам бремена може плодот да има аномалии, гинекологот што беше присутен за време на хсг рече дека можам да продолжам со обиди и дека не би имало штета по плодот, но може оплодувањето да биде потешко. Исто така за мене и маж ми земав и чај арабескар за кој читав многу позитивни искуства. Ве молам тие што имале партнери со намалена подвижност на сперматозоиди, кажете ми дали ви било предочено за ваков ризик?
Зошто да има аномалии, поради дијагнозата на мажот? Ние бевме со иста дијагноза, ама никој воопшто не ми спомна такво нешто. Пиеше мм профертил, и еве сега се гушкаме со 3 месечно бебче
Да, затоа што биле слабо подвижни и нешто спомна зависи и колку од нив не се оштетени. Јас се испаничив но еве доказ дека не треба. Баш се радувам што сега си имаш бебче ❤️ За колку време се среди спермограмот?
Искрено не правевме нов спремограм, ние кога го правевме не можевме да најдеме профертил, па мм пиеше некои други без резултат, и за некое време најдовме, и за месец ипол откако ги пиеше останав трудна.
И мм беше со истата дијагноза но ниту еден доктор не ни спомена за аномалии, баш препораките беа да продолжиме со обиди, он кратко време пиеше профертил и останав бремена.