Се е негативно... Резултатот не е воопшто добар,... Како ке биди се во ред ке се обратиме во битола во плодност да направиме пак па незнам .... А јас многу сакам бебенце моите резултати супер
Немате ли шанси во Скопје да дојдете во систина или ремедика? Како што читам по форум тие во битола касап систем прават многу пари наплаќаат .
Во ремедика се супер и Мицковски и еден постар уролог не ми текнува на името.За спермограм се подобри во систина мислам некако поверодостојни ми се резултатите а и плус прават дна фрагментавија. Кај вас не е страшно зашто има сперматозоиди во ејакулат,само што не се движат и треба да се открие причината за тоа и да се најде начин соодветен да се раздвижат.За ин витро и еден е доволен а ќе имате и повеќе .
Ти благодарам многу , ми даде надеж малку , многу сме разочарани со сопругот не го очекувавме ова ...
Види реално гледано полошо е жената да нема јајце клетки .Тоа не се средува со ништо а маж има сперматозоиди така да тие се обновуваат постојано .Ќе се одвикне од кафе,алкохол,цигари ако пуши и се средува.Ти биди само се во ред ова ќе се оправи
Горе долу здрав живот води посебно тој... Не сме пушачи и двата по едно кафе пие спортува,, алхохол во умерени дози . .... Моите прегледи засега се супер,.... Ама ете сигурно нешто има.... Многу ми е и мажето разочарано некако......
Mazeto neka ne ti e razocarano ama ic. Sobirajte dokumenti za vaucer vednas ke vi odobrat so nepodvizni spermatozoidi I stom samo ova e problem veruvam deka od prva ke vi uspee.
Како оди тоа со ваучер и тие работи .... Апсолутно ништо незнам од тоа. Инаку кај мене пап микробиолошки, хормони,, следење на фоликули, супер.... За каналите гиникологот рече нема потреба од испитување....
@Peperutka10 и маж ми е со иста дијагноза,само што имаме % и на прогресивни и вкупно подвижни. Со витаминска терапија се подобри доста но нема сеуште настанато бременост по природен пат,нит со инсеменации.Не сакам да те разочарувам нит да те тапкам по рамо,со 100% неподвижност е лошо,ама не е трагично.Видете со терапија како и колку ке се подобри,па ке одлучите дали и кога ке одите на потпомогнато оплодување. Верувам дека би пробале со имсеменации како помалце инвазивна метода,а ако не ифв со икси оплодување(за кое не ви треба подвижност) ке ви помогне да постигнете бременост. Во меѓувреме разведрете се,бидете си поддршка,и верувајте и во чудо,се случуваат
Pobaraj ima tema vestacko oploduvanje pocni da citkas ke gi dobies site potrbni informacii. Bez nervozi samo na ovaa medicina se e reshlivo
Zdravo mm pravese spermogram i dijagniza astenozospermija dali nekoj znae sto e toa inace vo stranstvo go pravese spermogramot imase ispitanoni vo mk ama ne ni spomnaa nisto.
Астено е намалена подвижност на сперматозоидите во ејакулатот.Не секоја ваква дијагноза е страшна,битен е % на подвижност,вкупна,а особено на прогресивни или А.
Eve go rezultatot ako mozis da razberis na francuski e a isto i jas imam problem policisticni jajnici
Го разбрав @Zineta Горе-доле ист спермограм имаме,со нешто повеќе вкупна подвижност. Се надевам и ти го разбра,подвлечена е линија каде што е “проблемот”.Е ме буни само толкувањето нивно,A+B пишува над >32% а треба да е над 40%,а само А,тоа се брзо подвижни мислам дека треба да е над >32%. Закажете кај уролог како и да е. Друго,морфологија или форма е 5%,тоа е во ред според Светска Здравствена Организација,ама сепак 95% се со неправилна форма.Од она што сама истражував,сватив дека токму тоа може да предизвика астеноспермија,попросто кажано,сперматозоидите со деформитет не можат да пливаат право. Се надевам ме свати,ако ти требаат уште инфо,ти стојам на располагање
Jas imam pisano Kako nie so dijagnoza astenozoospermija namalena podviznost na spermatozoidite 25 posto dojdovme do 55 posto progresivno podvizni spermatozoidi no pak ke povtoram mm piese vit e koenzimq10 omega 3 6 9 komplet od krilovo ulje so astaksantin ili bioastin go ima vo zegin samo vit od a do z na centrum I piese I maticen mlec so propolis I polen I acerola I jadese nepeceni indiski orevi soncogled nepecen bilo sto sekoj den od jatki bademi nepeceni I za 6 meseci go sredivme spermogramot I tretoto ivf ni bese uspesno I se guskame veke tocno eden mesec so nasata kerkicka inace pricina za losiot spermogram izleze oti e tiroidata mm ima hasimotov sindrom I nedostatok na vit d I zamasten crn drob
Подвижноста на сперматозоидите е многу намалена. Најдобро е со уролог да се консултирате. Сопругот мој имаше мн неподвижни сперматозоиди и во консултација со уролог утврди дека причината е варикочела(проширени вени на тестисите) се направи операција и доби соодветна терапија Мен Актив и Спермотренд и све се среди. Сега се гушкаме со пуфка од 7 месеци. Не се секирај само што побрзо со стручно лице консултација