Бројката што ја имате е одлична, но искрено ме збунува она 5% со нормална морфологија, тоа ви е на долна граница. Не се сомневам во дијагнозата што ви ја поставиле, веројатно на таа вкупна бројка, 5% и не е малку Мислам дека немаш причина за загриженост
И кај нас е 6-7% негде морфологијата,а немаме терато. СЗО ја има спуштено границата на 5% пред неколку години,сметаат дека секако поголемиот дел се неправилни сперматозоиди.Пред 10 години било над 30% ама сега...
Ремедика е правено Ги пратив на гинекологот матичен Ми кажа само добри се резултатите Побарав ваше мислење бидејќи знам дека тука има луѓе што испитувале и се запознаени околу вредностите
Би ве замолила за совет. Сопругот испитуваше спермограм и спермокултура во Систина.Резултатот од спермограм не е добар,наведена е дијагноза "астеротератозооспермија" трет степен,додека пак резултатот за спермокултура е добар. Закажавме преку врски на уролог кај др.Сотир Ставридис.За две недели е закажаниот термин,до тогаш сум нестрплива,па дали има некој да ми сподели искуства? Благодарам
Да ве прашам, резултати од спермограм кој е правен на институт за ембриологија и хистологија ги добивате одма или се оди друг ден
Една година безуспешни обиди за забремемување ова е наод од спермограм ваше мислење и совет за добар уролог за дополнителни проверки
Astenozoospermia намалена мобилност сега барам некој уролог да го дешифрира наодов и да даде следни упатства ако има и следни чекори зашто пак има 50мил подвижни на минимална дозволена вредност од 7,5мил
Нема Бактери леУкоцити и еритроцити се е ок само мобилноста е 15% брзи 10 на гурање така така останатото е црногорско
Нашиот е сличен спермограм,иста дијаноза.Еве 3та година е без успех,ке одиме на ифв за некој месец.Е сега,со витамини се подобрува но но значително а и зависи од случај до случај,не секогаш е иста причината за таквата состојба.М.м смени некои навики но ништо драстично,сеуште пуши,се храни не баш најздраво.. За во Систина читав пофалби за уролог,не ми текнува на името:/ И спермокултура обавезно да направите.Не се плаши,не е страшно ништо
Штом пишува дека има бактерии, ќе пиете антибиотик ако спермокултурата покаже бактерија и кој антибиотик треба, па ќе направите контрола дали се излечила бактеријата, па добро е и спермограм заедно со контролната спермокултура да направите. Честопати по излечена бактерија се подобрува спермограмот.
Малку сум во паника,скоро година се обидуваме за бебенце но безуспешно,ке чекаме резулати од спермокултура па ке видиме