Да. Само таму и го има мислам. Можеби за ИФВ има некое значење не знам, ама мене ми требаше обичен спермограм, а не цела студија. Сега треба да правиме нов. Се ребрам дали да правам таму или во авицена. Ако не направам во плодност не знам како ќе изреагира докторов...
Aко се спремаш за инвитро што има врска кај ќе правиш,јас планирам да направам нов спермограм таму ама ми е втор,ехо 4 Д,а брисеви кај нас за хормони уште се мислам па кога ќе го добијам ваучерот право кај него.Поентата ми е нешто бар да испитам таму колку да обрнат повеќе внимание да не се запознаваме на денот на инвитрото.А веќе ако ти е за инсеминација и јас би се замислила
Феминки денес мм правеше спермограм Волумен - 2.5 Концентрација - 16м во мл Прог.подв - 35 Подв.во место - 10 Неподвижни - 55 Има зголемено присуство на леукоцити 3.7
Ви дaдoa нештo?мм пиеше тaблети Трибестaн.a и дoмa прaвеше теглo мед сo јaдки внaтре мелени,фстaк,индиски oреви,лешници прoбaјте.Цигaри,aлкoхoл,и нoење теснa дoлнa oблекa некa избегнувa
Ајде еден апдејт од мене женски. Денес добив Направивме нов спермограм по 75 дена од терапија со трибестан, вит Е, селен, б комплекс, мед со јаткасти плодови, матичен млеч. Дијагнозата од Олигоастенозооспермија се промени во Астенозооспермија, Во првиот спермограм имаше 8 милиони во ml, овој пат 72 милиони во ml. Бројот во ејакулат бо првиот спермограм беше 17,6 милиони, во овој дури 180 милиони Значи тука има големо подобрување, ама во подвижноста нема подобрување дури и малку полошо е: Во двата спермограми прогресивно подвижни брзи 12% од најмалку 25% Во првиот 25% прогресивно подвижни бавни од 25%, а сега во втоиот 17%. Во првиот на место подвижни 13%,, неподвижни 50% Во вториот на место подвижни 16%, неподвижни 55% Значи подвижноста не ја попрајвме дури и нешто полоша е. Е сега совет ќе ми треба за оваа проблематика ако некој можи да ме посоветува. @orhideea еве прочитај ние како го подобривме колку толку спермограмот
Нашиот проблем... и ние сме сега со астенозооспермија, секако препорака е инсеминација.И јас молам за совет, како да се подобри подвижноста.
Здраво девојки, сакав да ве прашам една информација. Каде е најдобро да направи маж ми спермограм? Прашував во систина мн скапо е,во Авицена е 2100ден Ваше искуство?
Девојки денес пак испитав хормни и мм правесе спермограм кај др.Органџиски.Резултаите од спермограмот се разочарувачки. Само 14% од сперматозоидите се брзи(подвижни) а неподвижни има дури 49%. Му дадоа да пие таблети конденсил и му рекоа за два месеци не се подобрат резултатите да се спремаме за инсеминација.Би ве замолила доколку знаете некој природен лек или храна со која се одобрува подвижноста на сперматозоидите да ја споделите. Ви благодарам
Здраво девојки, имавме лош спермограм и денес бевме ма уролог и установи варикочела и на двата тестиса. Препорака негова е да пие 6 месеци проксид и доколку нема подобрување да се прави операција. Прашањето ми доколку се одлучиме за инвитро дали е потребно да се оперира или има шанси и вака да успееме? Инаку имаме лоша морфологија др параметри горе долу се добри.. Благодарам
Девoјки дaли знaе некoј дo кoлку сaт се прoверувa спермoгрaм дaли мoжи oд пoручек или кaкo oди зa нa привaтнo
Маже и вака да успеете само проксидот моментално ја подобрува состојбата не го решава проблемот. Најдобро е паралено ivf и операција на направи зошто е на двете страни а битен е и степенот и неговите години. Најдобар уролог за операции е Живко Попов сега е кај Жан Митрев.
Фала срцка, ќе почнам со собирање на документи за инвитро,па здравје септември да го направиме и после тоа да се оперира,да бидеме спремни и за второ бебушко А што се однесува за год млад е 30 има
Доколку имате клиника во близина, може дома да остави примерок, па за 10-14 минути да однесете во болница. Дури можеш и ти да го однесеш ако му е незгодно @PeachGirl . Набави си само кутијка за мокрача.
@Momichka фала на одговорот, инаку лабараторијата ми е на пола саат возење, па ме интересира дали за толку време ќе се намали квалитетот на примерокот, со оглед на тоа дека е жешко..инаку, со клима сме во кола. Друго прашање ми е начинот на кој треба примерокот да се даде...дали сам да врши работа, дали може преку обичен секс, и сл...тнх
@PeachGirl мислам дека рачно е подобро. Треба цело количество на сперма да биде во кутијката. Не сум сигурна за 30те минути. Имам заборавено кое беше оптимално време за носење на примерок. Дека кај мене е на 5 минути и немавме проблем. Ти препорачувам да се јавиш телефонски во лабараторија и да прашаш. + не го жали да го помава барем еднаш рачно. Нема да го боли Мислам дека посигурно е така.