Да, прават. Сида, хепатити Б и Ц вкупно е 300 денари. Може само со лична карта, не треба упат, резултати за еден саат. Мислам дека од 8 до 9:30 земаат крв, не сум најсигурна за времево.
дечки денес дознав дека во индус медика позади трговскиот рамстор прават спермограм и спермокултура. Спермограмот е 1000 ден а спермокултурата помалце од тоа.
@LunaGrey треба ли упат за таму? Како да закажеме? Може ли телефонски,или мора таму да се отиде. И дали знаеш дали за таму треба предходно да се испита хепатит B, C ?
Хепатит и сида можеш да испиташ на Инфективна во Државна. Работат до 8 навечер, термини кога сакаш. Јас сабајлето земав упат попладнето бев на Инфективна. Ако ти е за ивф спермограмот од приватна клиника нема да ти го признаат.
Фала ти @LunaGrey , се јавив, за упат не прашав, ама ми ја објаснија процедурата, 1000ден е ДА, и предходно не требало рез. од хепатити и сида
Каде нема да го признаат, во фонд? Сега ваучерот ми го одобрија со еден од Синлаб и еден од Систина, приватни се тие.
Да бе. И првиот и вториот ваучер ми ги одобрија со спермограми само од приватни. На државно досега никогаш не сме правеле спермограм. Првиот ваучер одобрен со спермограми од Авицена и од Синлаб, а вториов од Синлаб и од Систина. Затоа и ме зачуди.
Кој да добие дозвола? На приватниве мислиш? Првиот лани во февруари, а вториов сега крај на февруари ми го одобрија. Само знам дека за вториов ваучер спермограм веќе во Авицена не можеше да направиме, па пишуваа дека и во Синлаб не прават веќе и затоа моравме во Систина да одиме. За вториов ваучер го поднесов стариот од Синлаб и најнов од Систина. Е, сега, дали не ни бараа од државно бидејќи спермограмот е добар од сиве клиники, не знам. Во Вештачко пишуваа дека им бараат од државно ако имаат машки фактор, па демек да видат дали и од таму ќе покаже исто.
Во потребната документација преку фонд стои во повеќе од една здравствена установа која има дозвола од Министертството за здравство за вршење на таа дејност...нигде не пишува државна така да ги признава фондот од приватниве клиника и нашите два спермограми беа направени на приватно.
Здраво девојки мажот ми направи спермограм на државна ама бидејќи не му пишале упат ко шо треба не му направија спермокултура дали и таа мора да е од државна или можи во било која лабораторија за ифв преку фзо
Ако собираш документи за инвитро преку фонд не ти треба спермокултура ,само спермограм од различни лаборатории ,хив и хепатити Б и Ц за сопругот
Девојки колку е на државно спермограм и спермокултура? Во индус медика 2те се 1900ден,каде и што планира мм да испита,но ако има голема разлика во цената да почекаме гледам има термин на 28ми мај