Од кога то? Ние правевме таму нон стоп,последно во јануари. Види и кај Иво Захариев мислам правеле. Во болницата прават ама катастрофа е,џабе ќе се малтретирате.
Жени сопругот сака еднаш да испита спермограм/спермокултура во њуборн. а еднаш на клиника Ск. како да земеме упат за државна?
Со упат од неговиот матичен општ лекар. Барем маж ми така зема пред неколку месеци. Со термини е таму.
Феминки, правевме спермограм а во исчекување сме на резултатите од спермокултурата. Ги прикачувам резултативе, па би ве замолила за ваши мислења. На нив јасно е што е добиено а кои вредности се нормални, но некои совети и искуства доколку имате, би ми било драго да споделите. На уролог би требало следнава недела да се оди, а според резултативе можно е мм да има бактерија и таа да ги уништува сперматозоидите пошто гледам дека има живи повеќе но се дефектни. Благодарам
Каде го правевте спермограмов? Имате аглутинација,можно е некој инфект да има,почекајте ги резултатите од спермокултурата.
подвижноста е добра и морфологијата е добра. има само леукоцити и аглутинација, има некоја бактерија. со спермокултурата ќе видат која и ќе треба да пие антибиотик само. штом има тој,имаш и ти, па направи си микробиолошки брисеви. терапијата ќе треба да ја пиете двајцата.
Женски, спермокултурава испадна дека нема бактерии...Многу ми е нелогично а на спермограмот си покажа дека има. Во понеделник ке одиме на уролог, ама стварно не знам на кои резултати да им се верува.
спермокултурата за жал не ги опфаќа сите бактерии. на пример,уреаплазмата ,која е доста честа бактерија,не ја покажува на спермокултурата. маж ми правеше и нагласи дека сака и за уреаплазма, пошто јас имав на мојот брис. и доплати плус за и таа бактерија да ја испитаат. на крај на спермокултурата пишуваше дека во примерокот не се изолирани патогени бактерии,односно дека нема, а на наодот за уреаплазма испадна дека има, па мораше да пие антибиотик.
Здраво, пред 2 месеци имав миссед аб, направив хорони супер, д-димери кори се во ред, имам само цитомегало вирус и токсоплазмоза ама неактивни биле други инфекции немам...докторката ми даде да пијам само фолна киселина мене и мм.... денеска ги добивме и рез. од спермограм и спермокултура.. mm ima enteroccocus faecalis и му рекоа да пие антибиотици... сакав да ве прашам дали некој од вас имаше ваков случај.. незнам дали ова се случи поради ентерококусот или од што мнооггуу сум загрижена
Не верувам дека е поради тоа,само совет би ти дала додека не ја излече користете заштита да не се префрли кај тебе.Денеска секоја втора има спонтан,знам тешко ти е ама ќе помине и јас имав,причина нема се во ред.
Denes pravevme spermogram kaj dr. Organdziski eve gi rezultatite...toj rece deka ne e los rezultatot..ima li nekoj iskustvo so dr organdziski
Izvini shto se vmeshuvam,no ako mozesh da mi kazesh posle kolku vreme pravevte spermokultura i brisevi odkako go zavrshivte antibiotikot i dali lesno ja izlecivte? Prashuvam zatoa shto i kaj maz mi vo spermokilturata ja najdoa prisutna ureplazma