Штом си имала непрооден канал мислсм дека следен чекор е лапароскопија . Или пак ти давале стимулација за да пробаат со проодниот канал да успеете .. Колку што јас знам ,поради тоа што не сум имала фала Богу лично искуство , со непроодни канали се оди со лапароскопија или со ивф . Каде правеше хсг ?
Hsg pravev vo Sistina isto i spermogramot vo sistina malku mi se mati glavata so spermogramot ima 10% podvizni toa neli e malku?
доле во дијагноза ти пишува нормозооспермиа. тоа значи дека спермата е во параметрите на нормалата. прашувајте ги докторите да ви ги објаснат дијагнозите. плаќаш спермограм во приватна болница и само така ти го дадоа наодот без да ти кажат ништо? брзи подвижни има 22% а бавни има 15% каде виде само 10% подвижност?
Doktorot mi rece se e vo red so spermogramot. Kaj mene imase folikuli I na dvete strani baska maticnata mi kaza deka sum imala nekoja tecnost pozadi tubata i toa ne petstavuva problem za bremenost. Maticnata mi naglasi ako odam za cistenje na kanali moze da si napravam poloso da ostanam vonmatericno i da treba posle da ja vadam tubata
тоа најдобро ќе ти каже специјалист за неплодност. закажи си преглед со доктор специјалист ќе му го објасниш случајот и докторот ќе ти каже мислење.
Две години се доволно време поминато . На твое место не би чекала повеќе би го превземала следниот чекор .
Jas nemam trpenie ke napravam uste eden mesec stimulacija a ako pak nebiva odam na laparoskopija pa so gospod napred
Девојки за каде треба да земеме упат за спермограм Директно упат за спермограм или Уролог па тој ќе не препрати понатака?
Zdravo sakam da ve prasam koj ima problem so nepodvizni spermatozoidi??? Ve molam da mi kazete so sto go sredivte toa fala vi mnoguuu ????
Тотално неподвижни или?!? Зависи од параметрите,ние сме со дијагноза Астено,брзи околу 9% бавни 27%,значи А+В 36%. Каква е состојбата кај вас? Ова варираше во тек на една год активно пиење суплементи,но не дојде до нагло подобрување. Направете и спермокултура и ехо на тестиси за да се види дали има причина за состојбата.Менување на животен стил исто помага,здрава храна,нормална тежина и никако цигари,ако може се разбира.
На уролог ке закажете и таму ке добие терапија после спроведениот преглед. Ке треба трпение,3 месеци мин за втор контролен спермограм бидејќи сперматогенезата трае 90 дена. Во случај да не ви се чека,ИФВ со икси метода,би требало да ви помогне.Без грижа,не е ништо фатално.