Genetski mutacii nemama napraveno, no eden doktor mi dade da napravam Genetski za trombofilija vo Institut za imunologija i humana genetika, neznam dali ova e toa istoto A isto sakam gi napravam site ispituvanja i ne znam sto da baram od maticnata
Женски ве молам за помош. Мм правеше спермограм, се е во ред, освен ова..кај живи сперматозоиди 0.72, нормални се 0.40, а патолошки 0.60. Докторката ни даде тројна терапија само заради тоа. Ве молам за Ваше мислење или сличен проблем, да ми објасните подетално.
Ваквата дијагноза не прави проблем при природно забременување. Мажот ми имаше 9% прогресивни, јас два пати забременив природно. Имавме спонтани, но тоа се случи од други причини.
Женско здраво, веќе извесен период од 10 месеци пробуваме со мм да имаме бебче. Кај мене направив испитувања се е во ред, но пред една недела направивме спермограм на мм и беше навистина лош дури 9% подвижни сперматозоиди,со дијагноза олигоастхенотератозооспермија, дали има некоја да сподели иакуатво, нарачавме од бугарија лекарства да ни донесат , бета имуне земавме,цинк,омега 3,спеман форте,андроситол и му направив тој рецептот што е со мед,индиски ореви лешноци бадеми суво грозје суви слови суви смокви кокос сусам. Бевме и завчера на уролог не го виде на ехо но се сомнева на варикоцела. Во вторник ке го гледа. Дали има некој со слично или исто искуство да сподели секој совет е добредојден во ова моја депресија од спомнување инвитро, па операции и триста работо.
Да те надополнам за суплиментите - селен , б12 , Q10 и мака во вид на таблети не правот (полесни се за пиење ) .
Девојки напправи мм нов спермограм и да неречам полпш од тој од лани... да одиме на уролог или да пие од витаминиве што му ги препорача докт?
Спермокултурата е во ред но се слабо подвижни и има и видоизменети Олиго...кој уролог го препорачуваш?
Уф,не знам мила,не живеам во Мк,прашај ги женските во Вештачко,имаат искуство мислам. Се спомнуваше некој добар уролог во Воена и Систина,и Ставридис,има приватна ординација во Ск.
Здраво девојки упатени сме со мм на поликлиника Букурешт за спермограм . Читав низ форумов дека од дома се носи примерок и да не биде постар од 30-40 мин.. споделете ваши искуства и колку ве чинеше? Фала ви однапред
Некако сум загрижена... После missed abortion гинекологот ми рече дека можно е да е до спермата, поради неправилни сперматозоиди, морфологија Направивме спермограм. Има леукоцити, бактерии плус беше болен мм кога го правевме. Можно е да влијае тоа на ваков разочарувачки резултат? Јас колку шо читам, пола се мртви, а од живите 90%се неправилни, шо значи само 10%се како ш0 треба. Шо значи ризично е забременување по природен пат поради морфологијата. Добро сум го протумачила резултатот или не? Ќе скренам до понеделник додека не го однесам кај доктор
Веќе неколку месеци со мм се обидуваме да имаме бебуш. Релативно сме млади и не би сакале веднаш да паничиме, но искрено ме мачи. Разговаравме и одлучивме да направиме основни прегледи. Кај мене ехо, пап, брис е се океј. Е сега, решивме да направи спермограм, мислејќи дека може во било која лабораторија на приватно да се испита, без претходно упатување. Се јави во неколку и секаде му рекоа дека веќе не работат спермограм, поради некој закон ззз, не го разбрав баш добро тој дел. Е сега, ме интересира дали по приватните клиники Систина, Ремедика, Њуборн, Санте... може да се плати приватно само за спермограм или потребен е претходен преглед, советување? Треба претходно закажување? Ви благодарам.
Javi se vo klinikite ke vi kazat termin vazno e da imate hiv sida test napraeno a moze i so upat od negoviot opst maticen da si zakazete drzavno za 150denari i 2do5dena apstinencija pred testot
За Ремедика и Систина ви требаат само испитани сида, хив и хепатит (б и ц) не треба ни упат ниту преглед претходно.