Како може на спермограмот да покаже присуство на бактерија, а по неколку дена спермокултурата и уринокултура уредни, без бактерија? Спермограмот правен приватно, спермокултурата државно. Еден резултат по логика не е точен, јас се надевам дека спермограмот не е точен, зошто баш ни беше лош
Вчера мм правеше спермограм и спермокултура. на спермограмот испадна олигозооспермија. Резултат за спермокултурата в понеделник и тогаш ќе одиме на консултација. Дотогаш ве молам за мислење. Нормален е волуменот 3мл, 18м сперматозоиди на 1 мл сперма, вкупно 54м. 85% живи сперматозоиди, од кои 15% подвижни, 20% лесно подвижни и 65% неподвижни.
A дијагнозата? Според референтните вредности намален е бројот на сперматозоиди во мл и многу мал процент на подвижни сперматозоиди има.
Женски,добивме резултат: oligoasthenoteratozoospermia.Дали има надеж за резултатов бидејќи иако не си разбирам баш ,ми стои многу лош.Во Германија сме и тука не ни објаснија баш ништо,ќе прикачам и слика ако можете да разберете.Незнам ни што ни како понатака...
И ние сме со иста дијагноза.Препишана ни е терапија околу 3 месеци, која кошта одприлика по 200 евра за месец. Но овде во вашиов спермограм единствено шо гледам е дека имаат проценти напишано за подвижноста, за морфологијата изостануваат бројките, и на другите рсботи немаат напишано резултат само празни црти, незнам зошто. А за подвижноста кај вас спрема процентите е лоша, 95%неподвижни,5%подвижни во место, а подвижни сперматозоиди во правец пишува 0%. Обавезно прашајте доктор, на спермограмов јас не гледам резултати, само празни црти
Здраво. Имам пишано во темата поддршка за спермограмот на маж ми. Но,мислев можеби тука некој има слично искуство. Правевме спермограм и испадна дека има тератозооспермија со 1% нормални сперматозоиди. Двапати имам останато бремена и завршено со спонтан. Докторката вели дури со оваа дијагноза тешко по природен пат се останува бремена. Да напоменам дека и јас имам генетски мутации, терапија ми е препишана исто и на маж ми витамини PROfertil. Ни рекоа да почнеме пак со обиди, за мојата ситуација знам дека може да предизивика спонтани ама се тешам дека ќе бидам покриена со терапиј. А оваа ситуација на маж ми дали може пак да доведе до спонтан!? Сега баш неможеме да го повториме спермограмот надвор од државата сме. Искрено ммогу сум збунета и исплашена.
Да и мене тоа не ми е јасно,докторот ми кажа само дека не давал он ни терапија и за се друго да се обратиме во клиника за инфертилитет.Ние на своја рака зедовме orthomol plus,maca, zink и мед со семки итн.После 3 месеци пак ќе повториме спермограм и се надевам дека ќе е подобар.Каква терапија примате вие ако не е тајна?Фала ти на одговорот
Исто и јас имав два спонтани во рана бременост но ги препишував на мојот проблем со тироидната.Сега маж ми има баш лош спермограм и не знам дали е можно да е исто причина за спонтаните...
Јас исто имав спонтан. Гинекологот ми рече дека се сомнева во спермата, со оглед дека јас редовно правам пап, брисеви и секогаш сум чиста. Ми забрани да останувам бремена пак, се додека не се провери спермата.Се сомневаше дека е можно да сум останата бремена од неправилен сперматоид. И навистина спермограмот ни беше тератозооспермија, со 90% неправилна морфологија. Јас лично мислам дека спонтаниот е поради тоа, ако јајце клетката е оплодена од ненормален сперматозоид, тоа логично не би се развил плодот.
Зошто да е тајна, камо да помогне Ние не сме почнати уште со терапија, пред неколку дена ни е препишана.
И ние имаме иста дијагноза. Здравје другата недела ќе поднесеме документи за ин витро.. Ако сте во можност повторете го спермограмот за месец два..
Фала ти, и јас ќе му воведам вит. Д и вит.Е па после два месеци ќе пишам резултати...се надевам подобри
Па да ја заврши терапијата и ќе го повториме спермограмот детално.Во овој ама баш ништо не е испитано,освен подвижноста и морфологијата.Нема други информации. Ви посакувам се најдобро и полно меше уште пред инвитро
Ајдее ќе биде кај сите еве @0ли повлече нога се наполнија есенски мешиња, ќе не влечат и нас накај труднички