Вас барем убаво ви е објаснето. Нас ни рече докторката дури нема докажано лек кој со сигурност би помогнал за состојбата. Ама ни рече да ги пие PROfertil капсули и да си почнеме со обиди, ако за 6 месеци не останам трудна да одиме кај неа
Оваа терапија ни ја препиша друга докторка, со мајка ми живее, па баш некни и рекла дека терапијата е одлична и дека еве веќе имала бремени после таа терапија, а со исти и полоши дијагнози. Само да со верба напред, оти ако западнеме во некој негативен круг на мисли и очекувања, нема да излеземе од него.
Јас таман реков се откри проблемот кај мене со мутации, ми препишаа терапија и искрено се израдував. Ама ова со спермограмот ме плаши многу. Извини а маж ти има тератозооспермија или дијагноза како на членката погоре. И уште нешто би те прашала можеби си поупатена. Маж ми беше многу настинат со температура една недела пред да го прави спермограмот и примаше 2 инекции, дали може и тоа нешто лошо да влијае на спермограмот!?
Ние сме со дијагноза како членката друга. Инаку и мажот ми првиот кога го правеше беше болен, прашавме дали има врска тоа, ни рекоа дека може да влијае. Сега вториов спермограм не е ништо подобар, така да според мене може да влијае ама не во такви размери од олигоастенотератозооспермија да дојде до нормален спермограм
Може ли да ми кажете колку се цените приватно за спермограм и спермокултура и каде може да направиме?
Како бе 2500 спермокултура? Да не спермограм + спермокултура заедно 2500 ? Каде се наоѓа Гинекомедика?
Ама ние правевме спермограм и спермокултура, затоа таа цена ја кажав. Друго е само спермограм, поевтино е без спермокултура. @emiliana Во Авицена не прават спермограм, само спермокултура може таму.
4500 ден за двете заедно плативме. Гинекомедика се наоѓа на 50та дивизија, уличката што е веднаш до еурофарм на водњанска.
Здраво на сите дали има некој искуство со мед со состојки за подобривање на спермограм?, дали кај некој има ефект, поздрав.
Ако мислиш на ,,медот за плодност'' што кружи по нетот, не се лажи да фрлаш толку пари. Измешај мед со јаткасти плодови од сите по 100тина грама и ете ти. АКо најдеш сигурен матичен млеч може да му стаиш и млеч внатре.
Благодарам за одговорот мм пие proxseed plus и по една лажица мед со полен и црно семе а мед со јатки сами го направивме ке прави спрермограм па ке видиме, инаку има прогресивни 13 проценти .
Може да земе одделно и вит Д и Е ( по 200 мг) И да ојача со селен . По 50 мг ( т.е микро гр се таблетките) И доволно е