Девојки ние денес правевме нов спермограм, месец и пол после првиот (знам дека најдобро е да поминат три месеци, но испадна прилика за преглед за двајцата во њу борн) и морам да се пофалам на подобрување. Првиот спермограм беше со дијагноза олигоастенозооспермија. имаше 18м сперматозоиди на мл сперма и вкупно 54м, а сега е нормоспермија со 52м сперматозоиди на мл сперма и вкупно 108м. На првиот имаше 35% подвижни (15% брзопрогредирачки) и 65% неподвижни сперматозоиди, а сега 94% подвижни сперматозоиди (18% брзопрогредирачки) и само 6% неподвижни сперматозоиди. Во меѓувреме од терапија земано: -трибестан 3х1 -селен -цинк -вит Е -фолна киселина -вит Б12 -вит Ц -л аргинин -л карнитин.
Лесни тренинзи во теретана 3-4 пати неделно и тоа нередовно. Почна да внесува повеќе свеж зеленчук и наутро по една лажица мед со јаткасти плодови (орев, бадем, лешник, фстак, индиски прев, сусам, семки од тиква, сончоглед) и сушено овошје (урми, смокви, кајсии, сливи и грозје). Ова со медот дома го правев од око, не по посебен рецепт и многу му е вкусно што освен наутро знае и во текот на денот да поткасни
Мм има испитувано во гинекомедика и њу борн. Во су борн ем поевтино, ем попристапен персонал. Во гинекомедика тест за хив и хепатити не му побара, за разлика од њу борн. Инаку Спермограм се испитува на државно со упат и во сите приватни клиники со претходно закажување.
Одиш таму на претходно закажан термин, ти даваат стерилен сад каде што треба да оставиш примерок од ејакулат со мастурбација и им го оставаш за испитување. Кога ќе се готови резултатите ќе те контактираат за интерпретација. Постои и можност од дома да однесеш примерок, меѓутоа треба да се внимава на времето поминато од оставање на примерок до испитување и на температурата.
@Norah Jones 2000 денари е во гинекомедика (+2500 за спермокултура). Во њу борн не знам колку е, ние одевме преку купон на групер што вклучуваше испитувања за двајцата, ама некаде низ форумов прочитав дека е 800 ден (не ме држи за збор, пребарај низ форумов или барај онлајн ценовник). Тестот за хив ние го направивме во њу борн и не чинеше 2000 ден, а исто можеш со упат од матичен на државно да испиташ и мисламдека е 350 ден. И од двете места, резултатите ти важат 6 месеци.
@IRBBB како си задоволна од њу борн, што опфати услугата ? И јас сакав да го нарачам купонот за двајца, ако го има седиште.
@emiliana истечена е понудата за купонот. Еве ти линк: До 85% утврдување плодност на двајца партнери во Newborn Clinic https://grouper.mk/deal/newborn-utvrduvanje-plodnost Ние го имавме вториот пакет, бидејќи беше поисплатливо. Закажавме кај д-р Владимир, многу сме задоволни од пристап и однос на целокупен персонал.
со упат од општ матичен за 150ден... но треба хив тест да се однесе потврдата( можеш на инфективно исто со упат или во Железничар ...а без упат и во Јавно здравје Пролет е хив тестот 800ден)