Не знам во Систина како е, ти повеќе знаеш за таму. Бидејќи за Њуборн пишувавте, затоа искоментирав. Освен ако и тие не сменале нешто во меѓувреме.
Ние прв пат ќе правиме. Пред 6 месеци почнавме со обиди, па да видиме состојбата како е. Бидејќи на државно моментално не прават, пред една недела се јавив во Њуборн ми рекоа дека може, но заборавив да прашам за инфективните дали треба.
Најдобро е да им се јавиш и да ги прашаш, најточна информација тие ќе ти дадат. И пиши ни што ти рекле, да имаме најнова информација како е во моментов. Со среќа!
Да, бараат . Завчера правевме таму спермограм. И таму кај нив може да се направи инф. скрининг ( хив,хепатит б,ц) 2000 ден е.
Нас ни побараа инфективен скрининг во њу борн , за да ни направат спермограм. Завчера беше ова. И минатата година кога правевме спермограм таму ни бараа и сега ни бараа. Може и таму да се направи инф.Скрининг , ама 2000 ден е. Спермограм 1000 ден Спермокултура 2000 ден
ок, ајде ве молам кажете ми вака, доколку двајца пробуваат да зачнат 5 месеци но е безуспешно (иако некогаш и не се обидувавме на самиот овулативен ден, туку ден-два порано и тоа во еден плоден период пробувавме најмногу 3 пати а некогаш и само еднаш) каде жената има намалена функционалност на тиродина (пие терапија) хпв (не знам дали ова има врска), живее здрав живот но во последно време (поради короната) не се доволно движи, а мажот има 46 години, пуши цигари и не е физички активен. Почнавме со алтернативна медицина и мислам дека внесуваме се што прочитавме (мацина трева, мака, г132, цинк, фолна) но некако почнуваме да се разочаруваме.... ***Од каде да почнеме? рано ли е да одиме кај уролог (да провериме сперматозоиди) или да се распрашаме за ин витро....? Кажете ми дали мора да пробаме на самиот ден на овулација за најголеми шанси да забременам или доволно е и ако пробаме ден-два порано (немам редовен циклус до ден па секогаш испаѓа дека овулативниот ден ми е за ден-два порано или покасно) бидејќи прочитав дека сперматозоидите остануваат во организмот до 4-5 дена.....?
За да направите спермограм не ви треба уролог. Слободно закажете во некоја од приватниве клиники, Систина, Ремедика, Њуборн, Плодност (други места на приватно што прават не знам) . На државно моментално не прават. Рано не е. Ќе знаете барем каква е состојбата. Ако не дај боже, нешто не е во ред, тогаш ќе ви треба уролог. За хпв-то не се секирај, нема влијание на забременувањето. Но, за ге132 консултирај се со гинеколог. Мене, кога почнав со обиди, ми ги прекинаа сите појаки имуностимулстори. Едит: За другото пиши во темата за поддршка, да не бидеме оффтопик тука
Dada mu prepisaa vitamini, no me interesira dali so vakov spermogram e mozno prirodno da se zabremeni??
Ах... спермогрампт е лош искрено... но 1доволно сперматозоид за забременување... веројатно можно е но најдобро да го подобрите подобро пред да се обидете (бидејки имало членки кои останле бремени но ембриончето не било секогаш добро па доага и до спонтан неправилен развој и тн... најдобро консултирајте се со доктор вака само можам да те *исплашам* а несакам...
Можно е, мм има дијагноза олиготератозооспермија, помалку во концентрација и помалку со нормална морфологија отколку во спермограмот на мт. После едно ивф кое заврши со missed abortion во 9та недела, останав природно бремена по неколку месеци од киретажа додека ги спремавме документите за второ ивф. Во медицината 2+2 не се секогаш 4, нека ги пие сопругот витамините за подобрување на состојбата и надевајте се на најдоброто! Нема што не е можно, помалку загриженост, опуштете се
neznaes kolku me smiri ti blagodaram mnogu, da se nadevame se ke bidne dobro. Ubava vecer i blagodaram uste ednas
На кратко да ти ја кажам мојата приказна. Јас и мојот сопруг сме во брак 3 години а заедно сме 5 години. После првата година од брак видовме дека наиот обид за дете е неуспешен и почнавме да одиме по сите болници.. Сите доктори ме убедуваат дека после 2 години активно обидување за добивање дете треба да побаам помош. И не ги послушав зошто препоставував дека има некој проблем и имаше. Затоа не чекај со време почни да се проверуваш себе и твојот партнер. Ти посакувам среќа.
добро они ми викаат дека треба 12 неуспешни обиди за да започнеме со дијагностицирање т.е. после 1 година. Кај мене виккаат се било во ред е сега ќс видиме што ќе кажат за него.... инаку кај тебе исходот дали е позитивен?
За жал не е . Првото инвитро не успешно , на мојот сопруг му е дијагностицирана најтешка форма на азоспермија..
Мила ќе биде, мора да биде, верувај И ние сме со азоспермија. @Norah Jones Ние почнавме со испитувања после 4 месеци неуспешно зачнување. На 6 месеци знаевме каде е проблемот. Самоиницијативно си правевме испитувања. Едноставно нешто не ми даваше мир, знаев дека има проблем. Интуиција...тоа е. Не сум згрешила до сега. Но, истата таа интуиција ми вели дека и исходот ќе биде позитивен па си верувам во тоа Едит: Јас на матичната на глава и се качив. Нејзините зборови беа чекај рано е. Докторот од Систина што си го замарам, истото ми го велеше чекај рано е. Јас терав по мое. И за жал во право бев. Но заштедив скапоцено време, што безвезе ќе ми пројдеше чекајќи залудно. Да не зборам за нервите и разочарувањето секој месец чекајќи да не добијам.