Здраво девојки Да ве замолам дали може да ми кажете мислење за резултатот. Ни рекоа дека треба да се зема терапија, почна мм од понеделникот, но не ни објаснија ништо подетално.
Дијагноза најдоле на листот што пишува? Нормозооспермиа? Пошто мене ок ми изгледа спермата. Само има инфекција некоја ќе треба антибиотик да се пие. Иначе количина, подвижност и морфологија ми изгледа ок.
Ништо друго не пишува, само сликаното. Ни препишаа терапија С-Мен, Спермотренд, цинк, мака и чај од трибулус.
Според нормалните вредности на табелата се му е во ред. Нека ви ја кажат дијагнозата и зошто треба да пие суплементи. Штом има присутни лекукоцити и бактерии треба да пие антибиотик. Каде го правевте? Јавете се и барајте да ви го прочитаат резултатот
Го делам мислењето на LunaGrеу, едино би препорачала твојот сопруг да направи спермокултура и антибиограм.
Кај мм подобри резултати имаше со пократок период на апстиненција макар што тоа е индивидуално претпоставувам
Јас кога се јавив да закажам ми рекоа минуум 3 дена апстиненција, а не ми кажаа дали би било погрешно ако е повеќе..
Не. Треба да има апстиненција 3-5 дена. Мажот ми првиот спермограм кој му беше лош, му беше со 3 дена апстиненција, а после тоа, тој што беше нормален, со нормална фрагментација и морфологија беше со 5 дена апстиненција.
Благодарам мила, ти пишав л.п. за плус некое прашање за спермограм. Добивме резултат аспермија. Имал ли некој искуство и што понатаму?
А дали направивте да видите да не има бактерија,и ние имавме иста дијагноза ајде пиши ми во лична порака!!!
Аспермија е отсуство на сперма, на ејакулат. Азоспермија е недостаток на сперматозоиди во ејакулатот.
За жал дефинитивно се работи за азоспермија. Тој што го правел спермограмот го утнал описот на дијагнозата.
Девојки едно прашање, ме интересира дали некој од вашите сопрузи правел спермограм во Гинекомедика? Пишав пред некој ден дека м.м. направи спермограм таму, по што доби резултат аспермија, а по консултација со неколку членки кои што го имаат истиот проблем може да се работи и за азооспермија. Се изначитав многу негативни искуства за Гинекомедика, за тоа дека им наоѓале ранички на матката на девојчињата и дека одма им предлагале одстранување со ласер, итн итн, но неможам да најдам искуство од спермограм. Секако ќе прави нов спермограм сопругот, најверојатно во Ремедика,имаме закажано за наредна недела, но ме интересираат искуства ако некој правел таму спермограм, па по повторување дали се повторила истата дијагноза. Ние секако веќе полека се трудиме да прифатиме каква и да биде дијагнозата после спермограмот во Ремедика, да бараме чаре.
На клиника сеуште не прават спермограм заради ситуацијава со корона. Можеби за брзо ќе се промени нешто, па ќе пуштат термини.