ДНК фрагментација е тест за утврдување на абнормалност на сперматозоидите. Нормални вредности се да има фрагментирани до 25% сперматозоиди. Колку поголем процент се фрагментирани, толку поголем процент се абнормални. ДНК фрагментација прават во њу борн.
Девојки на сопругот му е најдена бактерија во спермокултурата Proteus Mirabilis, урологот ни кажа да пие Цитерал од 500, 2пати дневно, но не ми кажа дали треба да го пијам и јас. Дали сте имале вакво искуство со бактеријава?
Здраво на сите, дали некој може да каже дали со овие резултати би можело да се остане трудна? Во Санте ни ги дадоа резултатите, без консултација без препорака, па ако некој може нешто повеќе да каже и за терапии и за совет што понатаму. Ви благодарам.
Може да се остане Дијагнозата значи дека е намалена подвижноста. Треба да има повеќе од 32% брзи сперматозоиди а сопругот твој има 31% Така да солиден е резултатот
Ima dijagnoza astenozoospermija I treba da naprave spermokultura I da ispita tiroidna zlezda I hormoni mm za istata dijagnoza piese vitamin e qoenzimq10 l karnitin omega 3,6i9 so astaksantin od krilovo maslo go ima vo zegin i vitamin a do z na centrum I jadese jatki I med I maticen mlec I propolis I polen i acerola I za pet meseci imavme odlicen spermogram
Здраво девојки денес мм правепе спермограм плчнавме да се испитуваме бидејќи имав втор мисед пред 10 дена и резулѕжтатот испадна лош тератозооспермија само 6 посто нормални сперматозоиди не ми се верува дали е можно спонтаниот да биде од можеби зачнато со неправилемжн сперматозоид а најверојатно има и бактерија покачени се леукоцитите чекаме за два дена и спермокултурата да искочи уролог не советуваше да почне да пие спермотренд какви искуства имате
Можно е мила спонтаните да се последица на тератоспермијата. Мислам дека истиот случај е со @S.o.F.i Бидејќи си ми го лајкнала мојот пост за нашето искуство, тоа е сѐ што знам и можам да ти помогнам. Пред сѐ, слушнете мислење од уролог, тој е стручен за тоа.
Мила ти благодарам секогаш даваш стручни и смирувачки одговори да прочитаб што имаш погоре пишано меѓутоа и сакав да споделам што може да се случи доколку е тоа причината во шок сум јас се мислев дека цело време може да е до тироидната моја што не го исклучувам ни тоа меѓутоа барем почнаве од негде и фала му на Бога што дознавме од што се случува бидејќи втор пат се случува иста болка се исто во иста недела
Поздрав, зашто има разлика спермограм направен во гинекологија астенозооспермиа а во институтот за хистологија нормозооспермиа
Астенозоспермиа е намалена мотилност на сперматозоидите, а нормозооспермиа се нормални сперматозоиди. Само не те разбрав, различни дијагнози ти дале или?? Инаку нека ме поправи некој ако грешам, не се разбирам многу за ова.
@korzoo да се надоврзам на @Nade-sunrise можеби се различни и референтните вредности, затоа. На пр. долна граница на брзо подвижни сперматозоиди во едната лабараторија да е 30%, а во другата 35%. Сликни ги ако си во можност.
Здраво @malecko87 и јас имав и тоа 3 мисед. Едноставно се појави и престанува срцевата акција. После вториот и ние почнавме со испитување, јас имам генетски мутации прво мислев до тоа е, дека и не примав терапија, а треба. Направивме и спермограм испадна тератозооспермија со 1% нормална морфологија. Пиеше маж ми Profertil 3 месеци, во меѓувреме останав бремена по трет пат и пак исто се заврши. И кога и да ги прашав докторите дали е можно до тоа дека лош сперматозоид оплодува, одма одговорот беше немора да значи може и да е неквалитетна ј.клетка. Сега пред 2 месеци пак го повторивме спермограмот. Иста дијагноза со подобрено на 3% нормална морфологија и 13% брзоподвижни, пред тоа беа 5%. Направивме и спермокултура иако нр беа покачени леукоцитите испадна бактерија ентерококи. Пиеше терапија и не бевме во можност пак да го повториме. Ја прочитав @IRBBB со терапијата која ја има постирано и од пред 1 недела почна и маж ми да ги пие тие витамини, некако се надевам дека ќе има подобрување. Плус јаткасти плодови измешани со мед направивме, ќе се трудиме колку можеме што е до нас. Јас малку се распишав... Дали ви стигна резултатот од спермокултурата ?
Здраво мила дали се подобри спермограмот по терапијата со Профертил? На маж ми е препишан и профертил и конденсил. Ги пие 3 месец веќе..