Може да се повтори, ако сте во можност одете во систина, ремедика, њу борн, секако со цените сите се тука некаде. Пред спермограмот обавезно апстиненција 3-5 дена.
Добар ден, ВЕ МОООЛАМ за искуство. Дали некоја членка се соочила со неплодност поради машки фактор ОЛИГОАСТЕНОЗООСПЕРМИЈА? Според спермограм брзо прогресивни 0% , бавнопрогресивни има околу 40 % и другите се повеќето неподвижни, скоро секогаш кога ќе провереме се истите резултати и со нормална морфологија околу 5%? Ми треба искуство, дали некој реализирал бременост со вакви резултати, јас ги имам направено сите испитувања, се е во ред, млади сме и двајцата 30год., веќе посетивме специјалист и ни даде насоки да се спремаме за вонтелесно оплодување ( според него тоа е единствениот начин во нашиот случај). Пишав и во темата вонтелесно оплодување, но знам дека и тука можам да добијам одговор во однос на спермограмот
Ние сме со таква дијагноза, примаше терапија сопругот, ама нема некое подобрување. Од месецов почнуваме со ИВФ. Најверојатно тоа е начин за ваквата дијагноза но тоа е што е... консултирајте се со специјалист за неплодност ќе ви даде насоки, дали да прима терапија и да почекате или пак да си соберете документи за ваучер.
Исто сопругот примаше веќе терапија, нема промена голема, би рекла незначителна за нас Дали знаете колкави се шансите за успех или нема правила? Во ред е да биде со ИВФ, но дали има оваа дијагноза отежнување на постапката, ми е страв да не се разочарам, а терапија нема многу влијание при оваа дијагноза кај машкото Исто би сакала да прашам, ако е само машки фактор и кај вас, дали се оди со целосна постапка за ИВФ или скратена?
Не се секирај, не ја отежнува постапката. За ивф само неколку добри сперматозоиди се потребни На што мислиш со целосна или скратена постапка за ивф?
Јас колку што знам се зависи од пациентка до пациентка со каков протокол ќе се оди. Само со машки фактор сме а со каков протокол ќе одиме ќе знам месецов. А инаку за успех незнам колкави се шансите. И мене ми е страв од разочрување ама додека не пробаме нема да знаеме нели?
Мислев на скратен протокол, на природен циклус, класичен протокол, но сигурно е индивидуално тоа, да не комплицирам, доволно ми е да знам дека не е страшно, па што одлучи специјалистот понатака, не се мешам
Баш така, индивидуално е. Не се оптеретувај сега со ова. Докторот ќе одлучи како е најдобро за вас. Среќно и со успех од прва.
Кинсултирајте со специјалист за ифв но и сигурно во меѓувреме ќе треба да пие од суплементите минимум 3месеци за да има некаков ефект... на пример сексовит профертил или серматроп алфа (таблетки кои содржат витамини за подобрување на спермогенезата)
женски здраво, ве молам за мислење за спермограмов?? Подобар е од претходниот што го правевме, ама ме интересира дали е можно дс де оствари бременост со овој резултат?
Може да се остани бремена и со ваков спермограм .... Гледам има многу патолошки сперматозоиди и кај на беше вака слично...Првиот пат останав бремена по 8 месеци обид-за жал миссед една од причините докторката ми рече дека е и спермограмот заради патолошки.... Даде терапија 3 месеци и ми кажа еднаш ти е и повеќе од доволно за такво искуство во овој период не се обиддувајте за бебе почекај да видиме резултати...По 3 месеци имаше подобрување-со внимавање на секој дел од живот од храна до лекарства цигари и алкохол после терапија за 2 месеци останав бремена фала му на бога се е во ред и со бебе и се си се развива како треба 32 од утре...Мој совет секако вие си знаете а и доктор ... најпрво терапија не ти треба толкава болка верувај....
Знам знам затоа и прашав, претходниот беше уште полош со 6 со нормална морфологија. Бременост сеуште нема. Скоро две години обиди. Имав лани во мај позитивен тест но веројатно биохемиска. Докторот ни кажа уште два три месеци обиди па ако не бидне да се спремаме за инвитро. Го прашавме и за патолошки, ама ни даде одговор дека не е страшно бидејки количината била добра. Така да незнам, ке почекаме уште некој месец. Фала на одговор
Јас останав природно бремена со дијагноза олиготератозооспермија, со 2% со нормална морфологија, намалена концентрација (искрено бројки не памтам) ама сакам да знаеш дека надеж секогаш има. Веќе 8 месеци го гушкам најубавото бебе на светот. Само опуштено!
Ооо колку убаво, колку љубов осетив во последнит напишан дел нека ти е живо здраво и најсакано фала на поддршката
Јас мислам дека добар е спермограмот. И покрај тоа што е зголемен процентот на абнормални сперматозоиди, огромна е концентрацијата на сперматозоидите па тоа компензира. И самата дијагноза е нормозооспермија, што значи дека спермограмот е нормален.
Здраво на сите Го добивме овој резултат од спермограмот, во среда имаме закажано консултација со лекар, може ли помош околу читањето? Колку е лошо? Благодарам однапред