Ние немаме направено сеуште преглед кај уролог.Кој треба да закаже термин кај уролог може матичниот лекар или гинеколог.Извинете на мојата неинформираност.
Имаме закажано во понеделник мм да прави спермограм. Од оправдани причини не можевме тоа да го направиме во рок од 3 до 5 дена пред закажаното, и го направи сам тоа вчера околу 19h. Се плашам поради релевантноста на резултатот?! Меѓутоа никако не можеше порано.. Ваше мислење дали ќе влијае на резултатот??
@em4e_baby самите ќе видете. Понекогаш мислам дека кога мм прави пауза пократко време, подобри резултати има. Ако резултатите ви излезат слаби, нареден пат пробајте со 3-4 дена паузирање. Ако резултатите се добри - почесто водење љубов
Стигнаа резултатите.. Повторно истата дијагноза (тератозооспермија). И покрај тоа што примаше спермотренд и евитол, како и мешавина од јатки со поленов прав и матичен млеч, има минимално подобрување после 3 ипол месеци терапија. Уште по првиот спермограм направи преглед кај уролог и нема варикоцела, сѐ беше уредно. Наместо спермотренд, мм треба да пие конденсил, па ме интересира дали некој има искуство со овој лек, и зошто докторот му препиша да пие 2 x 1, а на упатството пишува 1 x 1... Искуства?
Мојот маж пиеше конденсил и немаше никакво подобрување во поглед на подвижноста .Му се подобри само моргологијата нормалните се зголемија на 77% а му беа под 40%.Може кај вас на има подобрување.
тератозооспермија е баш проблем со мофрологија. @em4e_baby овој пост е баш охрабрувачки за твојот случај.
imate li napraveno spermokultura jas imam pisano nanazad nekoja strana sto pie mm seto toa sto go ima vo profertil apcinjata
После првиот спермограм направи и спермокултура којашто беше уредна, без никакви бактерии, квасни габи, уреоплазма и микоплазма. По препорака на докторот кој нѐ води бевме и на уролог и ехо доплер, и таму беше сѐ уредно.. Останува времето да покаже и конденсилот да делува..
Na nas mnogu ni pomognaa profertil ama za zal vo mk gi nema na nas od avstrija ni gi donesoa I bea okolu 100 I kusur evra za tri meseci sega ja napravivme istata kombinacija na vitamini sto gi ima vo profertilot oti posle prekinuvanjeto na profertil pak se vlosi spermogramot ne trebalo voopsto da gi prekinuva A inače mnogu dobri rezultati vo podobruvanjeto na spermogramot daval i bioastinot mm pie zaedno so omega 3 6 i 9 i bioastin od krilovo maslo zaradi trigliceridite mu bea na gorna granica ama dobri se i za spermogramot
Мислам да. Ако е на граница е сепак ок. ама ако е под, постои можност со екстернално примање хормони да се накачи. Можеби не за секогаш, ама периодично. Консултирајте се со уролог или ендокринолог за хормони.
Дали некој има искуство со д-р Дејан Сарчевски за подобрување на спермограм? За тие што не знаат тој се занимава со квантна медицина. Гарантира дека со 7-10 третмани има подобрување за 50%, а гарантира 100% успех. Исконтактирав со него и некако многу беше позитивен и убедлив дека со третманите и витамини ќе има огромно подобрување на спермограмот и покрај тоа што сопругот има варикоцела на граница на лев тестис.
Девојки би сакала да споделам информација во врска со Конденсил.. Доколу вашиот партнер ги пие овие витамини, да знаете истите ги имате во Грција по цена од 30€ (1800 денари). Колку за споредба, кај нас, во аптеката на Систина се 2800 денари едно пакетче.. Која е заинтересирана, нека ми пише во ЛП, ќе ви ја пратам визит картата од аптека во којашто ги порачав бидејќи ги нема во секоја. За 3 часа ги донесоа од главниот магацин.. Во повеќето аптеки во коишто прашавме, велеа дека ги немаат воопшто, но, бевме поупорни Поздрав.
Адриa лaб прaвaт. Амa требa дa се јaвиш нa телефoн дa ти oбјaснaт. Прaшувaв јaс вo јaнуaри aмa не се сеќaвaм штo ми рекoa, мислaм декa вo oдреден ден сaмo се нoси примерoкoт oти сaмo тoј ден се прaви aнaлизaтa. Прaшaј пo телефoн нaјдoбрo.