Здраво.. Сакам да прашам дали некој имал искуство со билатерална варикокела.. Барав низ форумов и не можев да најдам дали има тема само за тоа.. Извинете
Трибестан 3х1 и профертил м 2х1. Три месеци секој ден. Јас примав овунорм, метил фолна и витамин д. Фала со убаво да се враќа. Сите да ве видам во труднички муабети.
Здраво.. Вчера бевме кај др. Мицковски и он ни рече дека има билатерална варикоцела и ни рече пред било што да почнеме да правиме да испитаме хормони и да направиме нов спермограм бидејќи мм има добра морфологија и претходниот спермограм што го правевме немавме подолга апстиненција туку не цели 2 дена и мм работеше физичка работа. Прашањата ми се следни: -дали од операцијата доколку би ја правеле настануваат други последици (се нешто ми се мота низ глава дека негде имам прочитано дека се намалиле сперматозоидите или се изгубиле) -дали и од двете страни би се средувале вените? -ако сте правеле операција дали има подобрување, колку трае процесот на опоравување.. Поздрав и убав ден
Мм не правеше операција,иако тоа ни беше понудно првично како едино решение.Ни рекоа дека шансите за второ дете се минимални скоро никакви со таа дијагноза.Правеше хормонален статус(кој искочи супер) и спермограм кој и не беше така добар.Од друга страна ни рекоа дека варикокелата е нешто као кила ,и да ја оперираш може да се појави пак за некој месец или година.Ние побаравме и второ мислење.Докторката беше од Тетово.Мн фина и се изнасмеа бидејки ни рекле дека нема може деца да имаме.Ни даде совет да не се оперира туку да го промени начинот на живот.Поздрава храна,спорт,намалување на цигарите,опуштеност…Цитирам шо ни кажа..Јади,пиј и уживај во животот… После 8 месеци останав бремена со второ А сега веќе сум бремена и со трето .Има ли маж ти проблеми,болки?Кај мм имаше само на почеток (така и примети дека нешто не е ок).Оттогаш поминаа 8 год немал мака искрено никаква. Не брзајте со операција ако нема изразени симптоми и добар спермограм.Побарајте и второ мислење иако Александар е супер доктор
девојки освен Мицковски од кој друг урлог сте задоволни за друго мислење приватно или државно сеедно? ние сме биле кај Пенев на клиника добар доктор стварно ама одамна беше, сега разбрав дека веќе е во пензија има некоја инфо
Нема никакви симптоми, лошиот спермограм (малата концентрација и брзината намалени) не принуди да појдеме кај Мицковски.. За здрав начин на живот веќе неколку месеци тераме така да тоа не би требало да биде проблем. Дали и кај твојот сопруг беше иста дијагноза или друга.. И ако можеш да се сетиш на докторката за да пробам да ја побарам.
Мм има, добар спермограм пред години и две деца од прва. Му предлагаа операција ама коркач не направи. Џикова му рече да не прави да почека ако се влоши. Но чим спермогтамот не е добар сметам дека треба да ја направи
Ќе побарам извештаите баш и ке ти пишам.Мислам дека имаше слабо подвижни(ако ме држи секавање).Направете и втор ако треба во друга лаб чисто да бидете сигурни дека тоа е тоа.
И овој мојов е коркач... Какви биле иглите анестезијата дрн дрн.. Малце на шала терам али знам имам проблем кој може да се реши со минимален напор па ќе издржам и игли и се... Вие сепак сте имале среќа што поминало без операција
Здраво девојки. Ве молам за предлог витамини за го спремам сопругот мој овие два месеци . Со дијагноза олигоастенозооспермија има замрзнато ама се надевам дека може да остави и подобар примерок ако го витаминизирам овие два месеци Секој совет е добродојден.