девојке дали во брзо време сте купиле профертил и од каде? во рамсторе во еурофарм ми кажаа дека ги немаат и можно е повеќе да не ги носат...
фала ти ги најдовме во центар дали некоја има инфо доктор мицковски од ремедика дали е вратен од одмор? цело сабајле е зафатено на телефон
фала на брзиот одговор, да знам да си закажеме со време, бидејќи цело време е гужва веќе кај докторот..
Девојки од кој уролог на клиника сте задоволни за детален преглед и консултации дури идеме во септември кај мицковски, некој да препорачате. Сме биле кај Пенев ама веќе е во пензија и не работи. Фала
Сме правеле муабет за Кломифенот кај мажи, па ме интересира дали ја заврши терапијата сопругот и дали има подобрување? Ние пак ке го почнуваме патот од почеток по неколку месечна пауза, па чисто да знам од каде да тргнеме… дали пак да одиме кај Мицковски, или пак да одам на 2 ИВФ.
Направивме хормони, добри се, но новиот спермограм е многу полош. Мислам дека треба време за да видиме подобар спермограм, бар така велат. Не знам што да ти кажам, со претходниот спермограм успеавме со пикси метода и од 5, излезе едно добро ембрионче, сега фетусче, така што мислам ако правите икси, тие ќе си најдат еден добар сперматозоид за да завршат работа. Среќно
PICSI е метода за селекција на сперматозоиди за оплодување на јајце клетките. Овој метод вклучува додавање на гел кој содржи хијалурон во садот каде што се сперматозоидите. Сперматозоидите што ќе се поврзат со хијалуронот се избираат понатака за оплодување. Со оваа техника се симулира природната селекција на зрели сперматозоиди. При природно зачнување оплодувањето на јајце клетката се случува само од сперматозоид кој е способен да се поврзе со хијалуронот присутен на површината на јајце клетката.
Друшке јас не можам да дигнам глава од стравови и паники, после 3 абортуса да, за честитање е дека стигнавме најдалеку до сега, но ништо не земаме здраво за готово, напротив, многу претпазливо.. Се надевам ќе се израдуваме кога ќе се роди, ако скроз не станеме отпорни на убави чуства
Јас ќе ти честитам и од срце ќе ви посакам ова да биде јуначето што ќе ве потсети што е тоа неизмерна среќа и радост Со лесно мила до крај
девојки ве молам за некој совет нашиов спермограм од лош полош иде :/ не ми е јасно што не штима сега. многу се надевав на добар резултат, наредна недела сме на уролог... ;/