Маж ми почна да ги пие , сега почна скоро со нив и задоволен е. Порано немаше спермата никаков мирис, сега се враќа мирисот ( го осекам и јас мирисот) би требало да се добри, ги имаат скоро сите потребни витамини
Девојки , повторно за совет се обраќам кај вас.Правевме спермограм и излезе astenoteratozoospermiia, па да сугерирате што би можел да пие, витамини или лекарства кои би ја подобриле состојбата додека чекам за ваучер.
Ако не сте направиле до сега, направете си спермокултура, со нагласено и за миколазма уреоплазма и кламидија. Исто и генитални брисеви (за мажот) и урино култура. Често пати вакава состојба може да биде предизвикана од некој бактерија или паразит. И ако не сте посетиле уролог, треба да посетите... можеби има уште нешто Кај сопругот мој ја имаше истава дијагноза пред неколку години, а еве веќе една година има нормален спермограм... имавме бактерии, па паразити, па кандида... се излечивме, па витамини, исхрана, вежбање и еве после околу3 години се нормализира .... долго е...ама успеавме А инаку за ИВФ сите ни викаа дека е ОК и со таа дијагноза, не дека некој доктор се потресе нешто мнопогу, ние све самоиницијативно сме испитувале ...
Не се секирај мила, со таа дијагноза имате доволно материјал за ивф, а што се однесува до суплементи, препорачливо е да зема по препорака на доктор, а колку ќе има ефект зависи од самиот организам и причината за таквата дијагноза. Најчесто ги препорачуваат следните: Кондензил, Трибестан и Проксид, сега има еден нов препарат М-Џет, уште не знам дали и колку е ефикасен. У секој случај треба да се пие подолго, барем 3 месеци, толку било потребно за сперматогенеза. Не се грижи, за ивф не смета оваа дијагноза.
@flowergirl* не се секирај, не е престрашно. Со таков спермограм останав природно бремена (за жал завршив со спонтан), а за ивф не е воопшто проблем. Сопругот ги земаше следните суплементи: Q10, фолна, Б-комплекс, вит. Ц, цинк, селен, аспирин, омега-3, L-карнитин и спермотренд, и имаше подобрување.
Spermotrendot bile slabi lekovi mene taka mi kaža dr Trajkovski i mm gi piese a zasto aspirin za spermogramot dali vi bese daden od lekar ili ne oti aspirin ne e preporacuva na svoja raka oti može da predizvika krvarenje od zeludnikot jas imav blago krvarenje i na vreme go primetiv imav temna stolica i povrakavi nie imame dijagnoza astenozoospermia i mm pie vit e on e najdobar za podviznosta na spermatozoidite vit c cink l karnitin oligovit qoenzim q 10 folna kiselina i omega 3 6 i9 koga se pie omega treba komplet ne samo omega 3 i astaksantin jatki jade sekoj den pie maticen mlec polen so acerola ako sakas veke da mu davas aspirin za cirkulacija najdobar priroden aspirin se visnite i cresite
Ne ne aspirin bez preporaka na lekar nikako nie so ovie vitamini drastično go podobrivme spermogramot a i domatite se dobri za spermogramot ama onie neprskanite bez pesticidi sto se i indiskite orevi se najdobri za spermogramot
Zdravo , ke moze li ds postavam slika od spermogram pa ako moze da si kazete vase mislenje bidejki jas ne go razbiram mn a dobiv 2 razlicni mislenja i sega sum zbuneta fala mn
Гледано под резултатите и оние вредности кои имат референтни вредности: Брзи треба да имате повеќе од 25% а имате 12%. Ова е релативно Ок. Но морфолошки треба да имате барем 30% нормални или повеќе од 30%, а вие имате 8%. Овде бројот е значително помал. + имате леукоцити. Вредноста на леукоцитите треба да биде помалку од 1 а кај вас е 3. Станува збор за бактерија. Можно е таа бактерија да прави проблем. Ќе треба да направите спремокултура да видете зошто има леукоцити. + @Sandra456* по правењето на спермокултура, би било пожелно да го повторите спермограмот, но овој пат гледајте со апстиненција од 3 до 4 дена.
ова ми се чини од систина е. Што пишува најдоле кај конечна дијагноза. Тоа ти е интерпретација на цел спермограм.
Los spermogram ot nasiot e so 20 posto progresivni spermatozoidi pa mm prima terapija isega treba kontrolen spermogram da naprave ovie denovi
Значи нормален наод има. Не се оптеретувај, споредувај. Систина имаат прилично строги реф.вредности, така да добро е ова.
Ние пред неколку дена прашавме во Авицена. Цената е 1200 денари може да се однесе од дома примерок не подоцна од 20 минути или може да се даде примерок таму. Нема потреба од закажување.