Веќе ти дале добра насока, па истата и ќе ја повторам. Направете уште еден спермограм на друго место и со резултатите упатете се кај добар уролог за да ви даде соодветен совет што да превземете понатака.
Здраво девојки, Ми треба инфо за правење спермограм на државно. Од каде треба да се земе упатството и каде се прави? Имаме еден спермограм што го правеше на приватно и мн е скапо, ни треба уште еден и сакаме да го направи на државно
Мм има правено на ГАК упат од опш матичен ќе му треба, ние од дома носевме материјал околу 200 денари мислам беше
Здраво општ матичен дава упат зависно од тоа каде сакате имате во Државна на гак имате на хистологија и ембриологија ние правевме на гак.
Девојки, дали во Синлаб и Авицена прават спермограм и спермокултура? И дали материјалот се дава таму на лице место или може да се однесе од дома? Тенкс
Њуборн 2000 ден (треба и инфективен скрининг кој може да се направи во Железничар кај Беко само со лична карта, 300 ден) Систина 3500 ден Ремедика 3500 (бараат и Ковид тест). Материјал може да се донесе од дома, но тоа да биде во краток временски период или да се остави таму. Подобро е таму.
Ти Благодарам. Ќе се јавам утре да видам дали бараат некои дополнителни анализи и да прашам дали се закажува. Фала многу уште еднаш
Фала за исцрпното објаснување. Во Систина не бараат ништо? Ни инфективен скрининг ни Ковид тест? И дали треба да се закаже?
Треба да се закаже. Не бараат инфективен скрининг, но прашај кога ќе закажуваш. Инаку секаде е со закажување.
Од Индус Медика неколку членки се имаат пожалено на погрешна дијагноза, така да не се ослонувај многу на тој резултат, направете си и на друго место.