Здраво дечки/девојки Нов сум на форумов и незнам баш како функционира. Може ли некој да ми даде мислење за спермограм кој е направен на хистологија. Доколку има и некој гинеколог или со искуство сестра би ви бил благодарен да ми одговорите.
Њуборн 2000 ден (треба и инфективен скрининг кој може да се направи во Железничар кај Беко само со лична карта, 300 ден) Систина 3500 ден Ремедика 3500 (може да бараат и Ковид тест).
Здраво девојки. Би сакала да ве прашам за мислење на овие резултати кои ги добивме од спермограмот. Прв пат испитуваме и спермограм по препорака на мојот матичен гинеколог. Веќе скоро година се обидуваме да останам бремена но не ни оди. Јас имам испитувано хормони и кај мене покажа покачен пролактин,меѓутоа со Бромергонот го регулирав пролактинот да дојде во нормала. Дали со ваков наод на спермограм и со мојата состојба би можело да се остане бремена по природен пат и дали сте имале можеби некоја ваква ситуација?
Здраво, дали би сакале да ми помогнете околу читањево на соермограмот? Прв пат правиме, на наша иницијатива и неможам да дочекам до петок на гинеколог да ми ги прочита. Би ви била бескрајно благодарна, доколку можете, знаете да ми кажете нешто за резултатите. Поздрав Убава вечер
Се надевам поупатените членки за бргу ќе ти одговорат, мене не ми изгледа добар спермограмот. Се надевам грешам. Да се редактирам, сега видов дека и дијагноза јасно си пишува. Ќе треба терапија, се надевам бргу ќе се среди и ќе биде ок.
Се работи за лош спермограм: многу мала концентрација, мал број на нормални сперматозоиди (треба над 30% да се нормални а кај вас се само 3%), мала брзина на сперматозоидите (треба да е 3 или 4, а кај вас е 2). За ова не треба да консултирате гинеколог туку што побрзо да закажете кондултација кај уролог. Сигурно ќе ви даде терапија и ќе ви каже што понатаму. Ама не е лошо да направите уште еден спермограм ама со 3 дена апстиненција, а не со 5. Ви посакувам многу среќа