Како што има хпв кај жените има и кај мажите Ако ти го немаш немора да значи дека тој нема Кај мажите воопшто нема симптоми може да е само носител За да испита мислам дека треба да му земат брис ( распрашајте се по приватните лабаратории)
Ух. Многу се плашам од хпв. Не ми е јасно, ако знаете, би сакала да ми објасните. Тој правеше пред две години брис, излезе бактерија од непознато потекло. Во тој период, спермата не доаѓаше до втечнување (ликвефакција) помалку од час. Затоа докторот претпостави дека има бактерија, бидејќи и леукоцитите му беа покачени. Ова пред две години. Пиеше антибиотик и го реши. Дали на тој брис ќе излезеше хпв ако имал тогаш,мислам дали со обичен брис би излегло или мора специјален брис? Сега ми е страв. И би можело во рок од две години да го закачи, од каде кога јас го немам. Не е можно ако го има, да не го фатам.
Кај мажи нема брисеви што можат да го детектираат ХПВ вирусот сеуште.Инаку не значи дека го закачил сега или па ти си го имала од предходни партнрти или партнерки,но бил во мирување,тој се активира по пад на имунитетот.Мене на последниот пап ми излезе хпв и цин1,до сега никогаш сум немала на ниту еден бриз а правам од 18 години.Пијавме и двајцата терапија изоприносин,витамин Е од 400,витамин Ц 1000 + пиев ампули од сибирска аронија 2 месеци во меѓувреме и имунокомплекс на доктор волс,мажот ми пие сега Центрум витамини,а јас за трудници.
Претходни партнери не сум имала. Маж ми ќе видиме што ќе покаже. Досега и тој немал нешто такво. Или не сме знаеле, што знам... Има правено испитување за херпес симплекс, негативно беше, ама не е истото со хпв нели?
Не кај мажите нема тестови како да се утврди дали го има вирусот. Ама ако го имаш ти можно и тој да го има,треба и двајцата да ја пијате истата терапија. Многу витамини и здрава исхрана.
Јас правев последно во септември пап, чист беше. И здраво се храниме и витамини земаме и вода пиеме. Ајде здравје ќе видам што ќе испадне. Ти благодарам
Според поновите истражувања утврдено е дека HPV вирусот може да се прикачи на сперматозоидите и да предизвика намалување на нивната подвижност, астенозооспермија, исто како што тоа може да го предизвика и присуството на бактерија во спремата. Затоа и ви ги побарале тестовите, превентивно, за да бидете сигурни освен бактерија, дали можеби вирус е причинител на дијагнозата. Брисот за хпв посебно се изведува. ПАП-от може да покаже само сомневање за ХПВ. За докажување на ХПВ се прави типизација. Кај жените, ХПВ-то може да е присутно и без да предизвика промени на грлото на матката. Брис за ХПВ кај мажи тука кај нас колку што знам, прават само во Плодност.
Мила немој случајно да помислиш дека партнерот те изневерува па затоа тој може да има НИ СЛУЧАЈНО Кај мене ми покажа хпв на пап а 10 год сум во брак и кога го прашав докторот од што може да е ми рече најверојатно од пад на имунитет затоа што со тоа што ние жените кои сме вакцинирани за хпв автоматски со вакцината стануваме носители на вирусот ( така ми објасни незнам колку е вистина)
Не не, скраја. И ние сме 10 години заедно од врска и брак вкупно и знам дека такво нешто не би направил. Досега сите пап тестови ми биле уредни. Еднаш дури и 3 години немав направено или 4 може, сум се заборавила, и пак беше чисто. Затоа сега на спермограмот се збунав кога прочитав дека треба хпв типизација. Иако најчесто се добива преку сексуален однос, ете можело при пад на имунитет. Многу ми е збунувачки ова. Тоа значи дека секој човек може да го добие, а да не знае? И како, самиот организам го ствара? Нели од негде некој треба да се пренесе... Стварно не знам. Ти вакцинирана си? Јас не сум. А и за тоа со вакцината чудно ми е да станиш носител, а треба да те заштити.
Zdravo devojki me interesira kakvi se vasite iskustva so Idus Medika vo skopje,dali ja preporacuvate za brisevi od pap test da se proverat tamu??
Незнам и јас точно од што е ниту пак докторот знаеше да ми објасни туку нагаѓаше и ми кажуваше де ова де она и ми рече може и од базен да се фати и од користење јавни тоалети или пак од пробување долна облека ама најбитно е дека многу брзо се лечи Пиев витамини два месеца и кога отидов за типизација немав веќе
На типизација немав ама докторот ми кажа ако ми падне имунитетот може пак да ми се појави што не било страшно ама ти не му ја мисли толку може маж ти и нема хпв
Присутни се леукоцити, висока pH и аглутинација што значи дека можно е да се работи за бактерија. Направете спермокултура а потоа консултирајте уролог.
Здраво жени дали некој парнер сега брзо има испитано уритрален брис како иде постапката колку часа не треба да се уринира и дали освен авицена има други ланаратории кај што се прави?
Здраво. По направен спермограм, во кој имаше доста неподвижни сперматозоиди, имавме совет да направи хпв типизација и спермокултура. И кај двете испитувања, достави материјал -сперма и излегоа негативни. Нема хпв, нема бактерија во сперма. Од што може тогаш да биде предизвикана намалената подвижност?
Може од повеќе причини кај нас ни кажаа со прележувањето на заушки, може од увртување на тестис, операции кила… посетете секако уролог за консултација да види на ехо, да ви даде терапија секако зимајте си и повеќе јаткасти плодови и мед,повеќе движење тесни пантолони не, исхрана…