Мислам дека секаде бараат. Авицена и Њу борн со сигурност бараат, таму имаме правено и ни бараа и инфективни скринизи за мм, не постари од 6 месеци.
Која цена е спермограм приватно и дали бараат резултат од ХИВ пред испитување ? Дали некоја лабараторија има испитување за спермограм, на пример Авицена и која цена е? Правевме еден во Индус медика па сега за втор каде е најевтино, на државна тешко за термини
Од приватниве клиники во Њуборн е најефтино, 2000 ден. Во Систина и Ремедика е 3500 ден. Во Њуборн треба да се приложи и скрининг за Хив и Хепатити. Може да се направи во Железничар кај Беко, 300 ден само со лична карта, без закажување. Резултати има истиот ден. Во Авицена, Синлаб, Биотек не прават спермограми.
Здраво. Видов на една страна лек за подобрување на спермограм на природна база. Сакам мислење дали некој од вашите сопрузи ги има користено и дали има резултат?
Девојки, каде во Битола прават спермограм освен во Плодност, која цена е и како оди целата процедура? Ви благодарам однапред, секоја информација ми е добредојдена
Здраво девојки.. имам едно прашање на спермограмот во гак излезе една дијагноза сеа на хистологија друга .. кој е поверодостоен? Фала ви од напред
Женски, дали на некоја од вас мажите правеле андрофлор скрин анализа? Дали би знаеле колку е во Плодност и каква е постапката, колку апстиненција?
На маж ми пенисот му е покриен со кожичка и кога ќе му се отвори го боли Што преглед треба да направи на уролог и дали боли и каде има добар уролог? Спермограм или? Ве молам за помош Спојлер
здраво на сите, нова сум на форумот 10 месеци се обидуваме за бебе со мм и никако вчера ги земавме резултатите од спермограм ке ве молам за мислење дали можам природно да забременам?