Од она што др. го објаснуваше на мм е дека според твоето има 15% солидно добри што било премалку, и во леукоцити стои РЕТКО што би можело да значи дека има присуство на некоја бактер. или слично. Кај нас предложи унинокутура и спермокултура и терапија за подобрување на спермата. Сепак консултирај се со др. ќе ве насочи со терапија се ќе се среди. Цигари и алкохол за почеток нека не конзумира, мед со јаткасти секое сабајле по една супена лажица, цинк, селен ...ова е нешто што на своја рака можете да почнете, за понатака со др. консултација.
Здраво имам едно прашање до вас феминки. Маж ми пиеше 5 месеци витамини за подобрување на спермограмот. Беше олигоспермија, сега направивме спермограм отишол во азоспермија. Ваше мислење и искуство нема никакво подобрување со терапијата.
Спермограмот варира, може бил под стрес у тој момент, може само е моментална промена. Кај нас беше олигоспермија, првиот пат резултатот катастрофа. Прв пат му беше, целиот под стрес, филмови си правеше Смени исхрана мрсно благо леб се исфрли, пиеше 3 месеци Profertil, после се ставивме на витамини zink,selen, Larginin , Lcarnitin правевме контрола фала богу Normozspermija. Така да направете си контрола ако сте во можност. Никогаш не се остава на едно мислење и еден резултат
Здраво, дали за спермограм на ГАК материјалот може да се донесе од дома? До сега по приватниве клиники сме носеле во стерилна чашка. Некој во скоро време да сте носеле, да ми потврди.
Не дали може туку мора Нема каде да остават примерок во државните клиники. Сопругот мој три пати им носеше зошто имаше некои правила колку време смее да биде свежа пред да се достави. Па начинот на транспорт.... Ужас
За најточен и најпрецизен резултат најдобро е да оставите материјал на лице место. Е сега дали има просторија за такво нешто на ГАК не знам.
Има, просторијата е да паднеш во несвест каква е смешна. Ми сликаше монот кога беше, право дно дна е. Идеш во new born и ја гледаш разликата на големо.
Каде стои тоа дека одобруваат спермограм само од државна? Ние се спремаме имаме еден направено, треба уште еден ама не знаеме дали тој другиот мора да е од овластени ординаци за асистирана репродукција или може од било каква.
Др ми кажа кога правеше м на клиника, и откако стигна резултатот кажа ќе пиеш ова она, после ќе направиш било каде, авицена, индус медика …за ако треба за ваучер да имате од две различни. Јас на сите посакувам од срце да немате потреба од два спермограми, туку сите со позитивни тестови овде да прикачувате.
Може од секоја лабораторија што прави спермограм (на пример, Ремедика, Систина, Њуборн, Индус, ГАК, Хистологија, Букурешт). Авицена, Биотек и сл. воопшто не изработуваат спермограм (прават само спермокултура). Ова за Скопје. Не знам како е по другите градови Битно е спермограмите да се од различни места и во размак од минимум месец дена.
Би сакала да прашам дали некој знае дали после 1-2 месеци може да има подобрување на спермата ...дијагностицирана е олигоастенозооспермија и се третира со спергин форте и плус витамини...