Zdravo dali nekoj se soocil so dijagnoza od spermogram oligoashtenozoospermia kako ste postapile sto ve sovetuvale i dali so ovaa dijagnoza moze da dojde do uspesno ivf
Zdravo, ve molam nekoj da mi go protumaci spermogramot... prvicna dijagnoza azoospermija bese dali da se nadevam
Направете спермокултура, уринокултура и сè што ви имаат препорачано затоа што резултатите укажуваат на бактерија, секако консултирајте и уролог. За жал, спермограмот не е добар.
Сопругот сега отиде да бара упат за спермограм, хепатит Б и Ц и Хив од матичниот лекар, меѓутоа таа му кажала дека не може она да издаде туку морало специјалист. Дали исто и вас ве имаат праќано прво на специјалист или одма ви давале упат ?
Упат за спермограм дава матичниот, а за инфективен скрининг не ти треба упат, 300ден е испитувањето со лична карта во Железничар.
мислење? Ни рече докторката волуменот е мал. Дали има некој со вакви резултати и дали прави проблем за бременост?
Ne e samo volumenot tuku I podviznosta e problem kaj vas 15 posto progresivno podvizni spermatozoidi e malku treba da bidat nad 40 posto sega Mt neka se sovetuva so urolog I neka pie vitamin e vitamin od a do z na centrum omega tri sest I devet od krilovo ulje l karnitin qoenzim q10 I neka jade jatki nepeceni bademi ili bilo sto drugo od jatki nepeceni sekoj den posebno indijski orevi oni se najdobri za spermogramot I neka pie maticen mlec propolis I polen I cist domasen med neka jade I acerola neka pie I po 3 meseci neka napravi kontrola
Фала за одговорот. ❤️Не знаев дека и тоа е проблемот. Ни рече можно е и природно да останам, но дека најверојатно ќе треба инсеменации да правам. Тоа е ин витро? Многу се исплашив.
Zasto da se plasis I ivf e za luge ete jas imam dete so ivf go prifativme toa kako normalna stvar da dojdeme do dete I 3 pat bese uspesen I da so ovoj spermogram po mali se sansite za prirodno I za da ne si go gubite vremeto so prirodno podobro e da si gi spremate dokumentite za ivf
Не ме сфаќај погрешно не мислев така, туку општо се плашам претерано од обичен преглед, а тек од тоа... ајде ќе разгледам по другите теми да се информирам. Убав ден
Не се плаши, не мора да значи дека ќе треба инвитро. Инсеминација не е инвитро. Може да ѕирнеш во соодветната тема за искуства, не е ништо страшно. Нека се консултира мажот ти за витаминска терапија за спермограмот и нека земе некои прородни работи како тие што ги наведе погоре членката. Направете контролен за 3 месеци откако ќе работи на подобрување. Малку повеќе здрав живот, исхрана да смени ако нездраво се храни, пушење, пиење да остави, малку физичка активност и би требало да се подобри. Работете си на случајот, никогаш не се знае. Има време за инсеминации, гледајте да го подобрите спермограмот.
Е, добро сеа, не реагираат сите исто на одредена информација. Башка девојкава сега сигурно почнува со испитувања и не и' е сеедно што имаат проблем, нормално е да се јави страв. Ништо лошо не е што и' е страв. Непознато и' е, ново, нормално е да има измешани чувства.
Токму така, секој човек си е различен. Освен тоа сопругот ми беше болен ...можев да го изгубам ... и уште не е закрепнат и ќе прима доживотна терапија - повеќе лекарства, па поради тоа сум испаничена и постојано сме по болници, испитувања за неговата ситуација и се изнадававме пари и сега уште ова се случи. Можеби затоа реагирам така, не од што сакам. поздрав ❤️