Полека, ќе фатите ред. Секоја ситуација што ќе нè начека неспремни во животот, ќе нè научи да се носиме со неа со тек на време. Ќе бидете добро, не се плаши. Чекор по чекор, посилни сте отколку што мислите.
Не мора да значи, маж ми со 5% подвижни останав природно бремена за еден месец од испитувањата, пиеше доста витамини и не знам со нив ли се поправи спермограмот или само среќа беше не знам. Ќе биде, нека пие витамини, добра исхрана и ќе се поправи.
Фала ви на убавите зборови. Дај Боже се да биде ок кај сите. Ќе се потрудиме со промена на исхрана, ако не успее ќе пробаме се што треба. ❤️
Нема потреба од се најлошо изначитано и земање таков впечаток. Дијагнозата е тератозооспермија што значи дека има промена во морфологијата. Не е дијагозна за паничење за тоа што има полоши дијагнози, пример кај вас има материјал доволно за Ин витро, али ајде да не одиме директно на таа метода. Ова дијагноза се третира со внес на витаминска терапија и промена во начин на исхрана, како апстиенција од цигари и алкохол, и ставање ладни облоги на тестис (не премногу ладно или мраз директно да направи поголема штета туку едноставна натопена крпа со вода) и одмор без пренапорна физичка оптовареност. Следно дали сопругот ти има направено ехо на тестиси, да се исклучи органско заболување ?
Може ама воопшто не е препорачливо да се носи од дома. Може да добиете неточни резултати бидејќи спермата е многу осетлива на промена на температура.
Што да правам на мојот воопшто не му е пријатно да дава таму, вика нема да му се дигне од самата помисла... Едвај се намаливме и воопшто да се испита... Многу е срамежлив за тоа незнам вашите дали се такви ама мојов бетер од дете
На ниту еден маж не му е пријатно ама некогаш мора да стегнат заби и да го направат тоа што треба. Консултирајте се како да го однесете примерокот најбезбедно, мислам дека треба најдоцна за 30мин да се однесе ставен под мишка под јакната, на топло.
Ne, cekavme mnogu za termin na GAK, no si ima tamu soba so TV. Taka da, ne se sekiraj. Ke moze da zavrasi rabota.
Мм правеше операција пред 4 години, баш неколку дена пред трансфер...еве скоро 3 години пробуваме природно и не успеваме... Ќе почнеме најверојатно со собирање документи за 2 дете...некоја помош за подобрување на спермограмот?
Мојот правше оваа година во февруари операција. После тоа примаше Профертил по две на ден и Имприл,се подобри спермограмот малце,направивме инсеминација со 12милиони прочистена обработена сперма и еве ме терам 16недела. Иначе пред ова пробувавме природно 2години и ништо.. Мојот иначе не пуши цигари а алкохол ретко пие,во последно време почна и здраво да се храни повеке на салати беше,риба јадеше,и тоа. Исто така и носењето облека,нека носи цело време тренерки широки да не го стега доле ништо,и фармерки да се ама пошироки. Сте направиле ли контрола по операцијата? Зошто недај Боже може да се врати варикоцелата после некое време..