Да на мм таа дијагноза му ја поставија, астенозооспермија. Му препорачаа андрофлор тест од мокрчаа и излезе дека има 5 вида бактерии шо мислат дека можеби до нив е шо ги уништува сперматозоидите. Примавме панцеф двајцата 10 дена. Сеа одмое малце за празников па флажил 7 дена. После тоа пак ке ни ја продолжеле терапијата.
Благодарам, денес и во Еурофарм барав немаше, ќе побарам таму. Инаку во Еурофарм само за жени има Профертил, мене ми треба за мажи
Јас на гинекологот ги пратив резултатите од спермограм, ми кажа не е добар и ми препорача Профертил ама нигде ги нема, вчера земав упат за спермокултура и уринокултура па во вторник здравје. Благодарам.
Ако може некој да ви ги донесе од Германија далеку се поевтини Сопругот ги зема 180апчиња 136евра а тука кога ги баравме во аптеката на систина 180апчиња беа околу 15.000
Знам дека се поефтини во Германија, ама касно им порачавме на луѓето, веќе си дојдоа во Мк, инаку нигде ги немаше, ги порачавме преку пријателка што работи во аптека 60 капсули 5300. Во друга аптека ми препорачаа фертил мах како замена и беа многу поефтини 3 илјади и нешто ама незнам колку капсули.Гинекологот ми кажа може прво тие да ги пие ама само Профертил земавме. А дали маж ти правеше уринокултура и спермокултура?
Zdravo na site. Maz mi posle prviot spermogram koj bese napraven pred eden mesec, deneska napravi kontrolen vo Sistina i od astenozoospermija premina vo normozoospermija. Maz mi bese so rezultatot kaj Mickovski vo Sistina i mu kaza deka nema nikakov problem sega e odlicen spermogramot. Piese vo megjuvreme Fertil Max, med so jatkasti plodovi, vitamin E, i voopsto ne pie alkohol. Inaku da napomenam na prviot spermogram imase samo 4%normalni spermatozoidi a noviot se 15% normalni. Plus e mnogu zgolemen brojot na spermatozoidi. Se nadevam deka i na nekoj drug ke mu se podobri spermogramot so ovaa terapija i so toa site da si docekame radosni vesti. Pozdrav
Не правеше ништо само 2 спермограми и двата беа со дијагнози астенозооспермиа. Правеше само ехо на тестиси кај Мицковски и он му даде терапија профертил по 2 апчиња и имприл 1
Мм имаше астенозооспермија, гинекологот ми кажа да пие Профертил, ама правеше и спермокултура и уринокултура. Ми кажаа резултатите кај матичен, ако има потреба матичниот ќе не прател на уролог, ама не бевме тука па здравје од Понеделник кај матичниот да видиме дали има бактерија.Инаку и Fertil Max биле добри, Профертил нигде немаше по порачка ни ги порача пријателка што работи во аптека, 60 капсули околу 5300 ден, во Германија биле поефтини.
Може не е за тука, но во темата Бременост не ми одговорија, освен ПАП тест и хормони, кои други испитувања треба да направам? ПАП тестот ми беше уреден наод, гинекологот ме гледаше на ехо, ми кажа јајниците ми биле добри, друго ништо не ми кажа што треба. Баш ми кажа ќе видиш ќе испадне до мм, кај мене не гледала проблем, незнам.Кога ја прашав за каналите да проверам дали ми се проодни, ми рече и да не се не се секирај ние го средуваме тоа. Ама незнам нели треба да ми ги провери? Ништо не ми кажа друго што да испитам. Знам дека постот не е за тука, можете и да го избришете.
Bazicni testovi kaj zenata se pap, mikro brisevi, hormoni i ginekologot eden mesec da sledi folikuli, da se vidi dali dobro sozreva jajce kletkata. Proodnost na kanali ako ne se lazam ne se ispituva odma. Videte prvo sto ke vi kazat za spermogramot.