Ле е ваљда леукоцити и пише има. Ако е леукоцити тоа значи има некоја бактерија. Сопругот направи андрофлор тест преку мокрача и 5 вида бактерии има. Два месеца сме на антибиотици. Првен панцеф па флажил и сеа амоксицилин и последно еве пиеме цитерал.у меѓу време ни кажаа фертил макс и му заврши и немаше у оваа аптека па земавме сексовит.
девојки сопругот правеше уринокултура и спермокултура. На спермокултурата му најдоа Стафилокока. Колку е таа опасна, дали би можела со антибиотик да ја излечи? И што јас би требала да пијам и испитам? После направена инсеминација одма закачив уринарна Ешерихија коли, веќе десет дена пијам антибиотици, дали сега и со Стафилококата ќе треба да продолжам со пиење?
Дали за прв ваучер е доволно да приложам инсеминација и еден спермограм? Дали ќе ми одобрат? Или мора два како што е наведено? Бидејќи кај мене се лоши резултати и не ми се чека
Каде треба да се оди за испитување хив, хепатитис пред спермограм, упатот ни е во центар за јавно здравје, каде му доаѓа тоа?
Дали нечиј сопруг/дечко/партнер правел спермограм во Букурешт поликлиника да ми одговори дали дозволуваат од дома материјал? Пошто сопругот е прегадлив да влезе во некоја такава просторија
Колку години има вашиот сопруг? Бидејќи нам ни кажаа џабе операција, варикочела II,инаку 41 год. Пиеше спермотренд капсули немаше некое вајде, сега не се сеќавам на името прашак е, па ќе видиме.
Искрено сопругот е со иста дијагноза ,пиеше 6 месеци спергин форте плус други витамини селен, цинк, омега 3 и немаше подобрување туку напротив меѓутоа секој организам е различен се надевам кај вас дека ке има подобрување
Консултирај се до доктор,се зависи колку се лоши.Со една инсиминација ептен ретко даваат спермограмот обично варира така да сигурно ке бараат уште
Na 28 godini se operirase, bi ti preporacala da odite kaj aleksandar mickovski vo sistina. Doktorot e mnogu strucen, se nadevam deka kje vi pomogne.
Центар зa јавно здравје е во близина на нова железничка, а институт за јавно здравје е на клиника. Јас мислев исто е ама не.
Еее исто и јас, ист матичен имаме со мм, и за него за уринокултура му даде упат за во институт за јавно здравје, и мм по грешка отишол во центар за ј.здравје кај железничка-Пролет. Јас денес бев за уринокултура на клиника мислејќи дека и мене за таму ми дала упат, нагласи матичната на клиника, одам ми викаат упатот ти е за центар за ј.здравје па трчај таму.
DHEA mikronized, ми требаат итно. Дали некој има купувано од Биотика или од друго место, каде можам да ги набавам?
Центар за јавно здравје е пред нова железничка Пролет-пролеќе поранешно, а за хив СИДА мм правеше во институт за јавно здравје на клиника, спермограм на хистологија на клиника.
Тоа е институт за јавно здравје, мм таму правеше за хив, спермокултура и уринокултура, штом пишува на упатот центар за јавно здравје тоа е пред нова железничка пролет- пролеќе.