Здраво девојки, Дали со ваков спермограм има шанси за природна бременост или инсеминација? Ако може некоја да ми објасни или да сподели искуство
Zdravo. Bi te sovetuvala da otidete kaj Aleksandar Mickovski vo Sistina. Toj e mnogu strucen urolog. Vkupniot broj e mal, no i morfologijata e mnogu mala. Isto i kaj soprugot imase samo 3% normalna forma na spermatozoidi. Urologot kje mu napravi eho, da vidi dali e se vo red so testisite. Sigurno kje mu dade i golemi kolicini na vitamini da pie. Megjutoa od moeto iskustvo i so napravena operacija na varikocena, mnogu dolgo vreme pienje na profertil vitamini, sepak preporacuvaat invitro. So vakov rezultat kje vi odobrat vaucer odma. Ne se macete kako mene so probuvanje prirodno ili inseminacii. Samo pari i zivci kje izgubis. Site nie sakame prirodno da bidne i da ne se macime, megjutoa od moeto licno iskustvo mislam deka da probav odma so invitro polesno kje pominev.
Ти благодарам за одговорот, овој спермограм е направен во Систина исто така и ехо. Докторот му рече дека има варикоцела и му кажа да пробуваме сеуште па за 3-4 месеци ако не биде да се направи операција. Ништо не ни спомна за инвитро и ни кажа дека има шанса и за природна бременост ама и дека подолго ќе трае процесот, му даде премалку витамини, а како што гледам на некој со полесна дијагноза им даваат повеќе. Да не пребарував по гугл за нашата дијагноза ќе мислев дека немаме толкав проблем.
Има упат за спермограм и за спермокултура, едното на гак едното на микробиологија, затоа прашав за да не шетаме со два примерока за 8 дена апстиненција за двата, туку со еден на исто место
Епа тоа е, и мм правеше спермограм на хистологија, а спермокултура во институт за јавно здравје, за спермограм треба и за хив, читав кај Беко со лична карта само без упат, ама на мм му даде упат матичниот за институт за јавно здравје, па ако не побарајте упат за таму и таман ќе однесе примерок за спермокултура, не треба апстиненција, од дома примерокот.
За спермограм во ГАК Дали спермата се става во оние стерилни чашки што се за урина или има посебни? Дали од дома да се наполни со сперма или таму, колку време може да се чува спермата пред да ја предадам ?
Најдобро е на лице место да се остави материјал, бидејќи сперматозоидите се осетливи на промена на температурата и може да добиете невалидни резултати.
Во такви чашки може. Може и од дома ама треба мислам за многу брзо време да ја однесете, ама најдобро и за подобри резултати директно таму да остави материјал.
Здраво девојки! Дали некоја од вас знае дали во Мартини Струмица се прави спермограм и спермокултура и доколку да која цена?
Здраво девојки! Мм има варикоцела на двата тестиси. Дали сте запознаени за во Систина дали е операција или емболизација?? Дали е со целосна анестезија или локална и колку време се останува таму после тоа? И колку време ќе му треба да се опорави и да продолжи со физички активности? Ви благодарам!