Добар ден, ве замолувам да споделите мислење доколку сте имале слично искуство. Наод од спермограм олигоастенозооспермија, наод од спермокултура стафилококус ауреус метицилин резистентна. Следно ќе правиме ехо на тестиси, и јас закажав за комплет брисеви. Ви благодарам
Мене општ матичен ми даде упат на интернист за инсулин, а за тироидната и општ матичен и гинеколог ми давале упат. Препорака од ендокринолог, сега на контрола треба, зошто тсх ми беше пред 2 години 2.41, пред 3-4 месеци 0.24, за 3 недели 2.58, сега брзо повторував хормони и тсх ми е 2.25, ендокринологот освен олигогал, Елова и бразилски орев не сакаше терапија да ми даде, ми препорача и антитела на тироидна да испитам и на контрола сега Септември треба. Тоа 0.24 дали грешка или незнам, затоа ми кажа да не ми препишува терапија, се да испитам па ќе видиме. А јас да испитам витамин д и дхеа? И тоа ли преку интернист, дхеа?
Бев на ендокринолог, ми пиша во извештајот што да испитам, прво ми кажа контрола на 6 месеци, и кажав дека планирам бременост, рече тогаш за 3 со испитани тсх, фт3, фт4, инсулин, гликемија, инсулин, антитела на тироидна, анти тпо тнешто може пропуштив. Општ матичен ми даде упат за на интернист, па после интернистот упат. Дхеа ли на ендокринологија?
Ne so vakov spermogram nema da ti ddadat vaucer ke treba 4 inseminacii da pravete i nasiot bese slicen spermogram i ni baraa pred nekolku god inseminacii od fzom
Јас имам препорака од матична и од Трајковски без инсеминации. Ги однесов во фондот документите, па ќе видиме дали ќе ми бараат. А маж ти правеше ли андрофлор тест и брис? Трајковски ми кажа немало потреба, незнам.
Brisd a androflor ne i nie imavme preporaka od dr trajkovski i pak ne vratija da praveme inseminacii i plus i jas imav poveke dijagnozi i pak ne nateraa da praveme inseminacii od fzom
Само човек да губи време, додека чекаш за ваучер ќе си направила инсеминација… веќе не знам што да кажам и за доктори и за фондот и за се’…
И јас ќе се надоврзам на вашиот моабет. Сопругот имаше само 3% нормална морфологија, операција на варикочела.Јас имав операција на јајцеводи, после операцијата останав со оскудна проодност на каналите. Лоши хормони, тумор на хипофиза, и тн. Со препораки од доктори за Ивф, и сега добив одговор од Фонд дека ми бараат уште две инсеминации. Бидете спремни на секаков одговор, бидејки јас иако имав апсолутни услови за добивање ваучер тие ме маткаат. Сега уште пола година ќе помине дури ги направам инсеминациите и ги пуштам во Фонд.
Аха, а барем ќе важат ли истите документи, ако ми побараат инсеминации или ќе мора се од ново да правиме?
Скоро година дена Пролактинот ми варираше. Пиев една доза Бромергон, пролактинот се нормализираше. За потоа за два месеци да се качи 3 пати над референтни вредности. Лани на своја иницијатива отидов и направив магнетна резонанца на главата и се потврди дека имам адемом на хипофизата. Од тогаш сум цело време на терапија. Фала му на бога сега пролактинот е во нормала, но затоа Фсх ми оди нагоре.
Da barem kaj nas bese taka ako sega gi pratis dokumentite I ti pobarat inseminacii a ako gi napraves prvo 4 inseminacii ne nema da ti vazat del od dokumentite