Мм имаше иста дијагноза, пиеше Профертил 3 месеци немаше подобрување, можеби кај вашиот ќе има, и јаткасти плодови со мед, непечени индиски.
А дали астенозоспемија е поврзана со поврорувачки спонтани абортуси? Кај нас со оваа дијагноза немавме проблем при забременување, туку сите бремености не беа успешни.
Систина, Њу Борн, Ремедика, Генеа (незнам баш колку се веродостојни резултатите, ама мене ми беше за ваучер, па не ми беше важно).
Астенозооспермија е состојба која се карактеризира со намалена подвижност на сперматозоидите, што значи дека сперматозоидите имаат потешкотии со пливањето и достигнувањето до самата јајце клетка за оплодување. Самата оваа дијагноза не би требало директно да влијае и предизвика спонтан, повеќе може индиректно да влијае врз проблемите со зачнување и постигнување на бременост. Постојат други причинители кои може да предизвикаат спонтан абортус, иако за жал медицината сеуште не е стигната до тој степен и постои само 50% шанса да се открие која била причината. Како можни причинители може да се генетски абнормалности на плодот, абнормалности на матката, хормонален дисбаланс, инфекции или автоимуни заболувања. Дали имате направено некои испитувања како TORCH, генетски мутации, кариотип, ХСГ, хистероскопија и слично?
Што е аглутинација на спермограм? Претходниот пат кога правевме спермограм немаше присуство, сега има
За астеноозоспермиа дали имаат вашите пиено посебно л аргинин л карнитин л орнитин л цитрулин вит е q10 и цинк? Гледав по составо на тие шо му се препишани, ама пошо се изгор скапи да ги земиме посебно само нема ли да е лошо шо ке пие многу апчиња? Пред 5 години пиеше терапија слични на овие посебно ги земаше само не ми текнува кои беа..
Здраво, веќе 6 месеца со мм пробуваме да останам бремена. Во февруари правев ехо и ПАП тест и де беше во ред. Денес мм правеше спермограм и спермокултура и се е во ред и со него. Не знам што да превземам, дали пак да одам на гиниколог за понатамошни мои испитувања?
Овулација ако немаш следено појди си на гинеколог на 11ти ден од менструација и ке ти кажи кога ти е овулацијата,кога да имате односи.
На спермокултура излезе ешерихија коли, брисевите се чисти. Се средва со антибиотик или треба и друго нешто да примени? Чај, исхрана?
Здраво. Дали за ваучер за ивф може 2та спермограми да се од една лабараторија или бараат од 2 различни?
Бидејќи едно неуспешно ивф имаме. Од лани имаме спермограм. Во упатството читав дека може едно постар и еден нов?
Претходниот спермограм на мм, имаше намалена подвижност и лоша морфологија - астенотератозооспермија. Изеде три тегли мед од Лилма и сега остана тератозооспермија - лоша морфологија. Подвижноста е супер подобрена. Има ли можност и ова да се среди...?