Голем поздрав и до Gordana10 и Adi888 Имајте убава вечер и освежете се малку http://farm3.static.flickr.com/2767/576 ... 7851_z.jpg
специјален поздрав до сите мои мили и драги феминки, ни дојде нов месец, нови желби, и да ви се исполнат старите, сите што сакаат нека му дојде овој месец, тие што не сакаат нека не му доаѓа наредните 9 , тие што си го сакаат бифшиот нека му се јават, тие што си го сакаат дечкото, нека продолжат да си го сакат, сите што го гледате величенствениот, и овој месец ке си го гледаме, и во многу наредни, ако сакате да се депилирате овој месец, пробајте со шекерна паста, сепак не боли многу , а пак неможете бричот му е мајката и ич не се замарајте брее еднаш се живее, и живејте максимално, недозволувајте никој да ви го уништи ни денот не па ли животот, и не заборавајте доаѓа Велигден, вапцајте си едно јајце пред да изгрее сонцето на денот кога треба да се вапцаат јајца и тоа чувајте си го цела година да ве штите вас и вашите најблиски од зло, и да ви носи срека. и не заборавајте дека сињорита ломбарди сите ве сака бајјјј
До NAJUBAVA 2010 затоа што имаме слични фетиши и затоа што е луда бре ме пресмеа И GO GIRL не су си ја поздравила оддамна
До сите оние кои беа извлечени за патувањето во Гедембург, најубаво да си помините и да навиватеее!!!
Бек до Мисс.Ричи I'm glad you're back! Фалаше..те гушкамм! Бек до Лебедка,настрана фудбалот многу ми е мила,и симпатична Враќам на спортскиот поздрав на Хај еден ден заедно на Камп Ноу,што велиш? До Мимс,за такво дете како мене уопшЧе не е чудно појадок во 5попладне Ајде со мене,частам вечера Хипстерка оти е срце Згодночите Боа и Миссче
Поздрав до Nevermore Девојко, ти како да ми ги читаш мислите Баш денес си реков дека ќе те поздравам! Ептен интересен лик си ми, и секогаш ми привлекуваш внимание со постовите во СДК Have a nice day
До сите феминки на кои денов (4 април - ден на бездомните животни) им е само дополнителен поттик за помагање и ширење на апелот за помош на оние кои немаат свој глас, а не практика еднаш во годината, затоа што „така требало“. До сите оние кои чувствуваат потреба да им помагаат на животните на каков било начин. Да продолжиме заедно да се бориме за нивните права, секогаш!
Памелче - вчера ме израдува што сум те израдувала со фотката Ана Каренина - кога ја читам, како да си читам делови од мисливе! Дузи - многу ми е забавна кога се нервира за ситници, а пак гласно ги изјавува. Душа ми е. Џинџерчајлд - ново форумџиско лице, свежа крв и забавни постови. Инес х - секогаш ме чита, ама и јас неа! Лилит - зошто е Лилит во секоја смисла на зборот. Очекувам фениксовски пламен од неа да избие. Трендафилка - силна девојка, ми треба повеќе овде. Си ја имам за своја. Геа - комплетно суштество што ми ги смирува нервите кога ја читам. Пирамид - позитива + дозиран сарказам = оригиналност. Анабел - а - ведра ми е, знам дека ме чита и специјално ја поздравувам! Гушки до сите. И по еден цвет.