СП до сањалица зошто да ја немаше сликава постирано во поздравот немаше да знам дека балетанкиве што имаат околу 2 години се модерни. Имам исти вакви ко на сликава сега ми се омилени
Едееен најголем поздрав до тедимече,ауу многу ти благодарам за тоа страната со сложувалки,зависна станав,со дада се тепаме која да сложува Имај убава вечер
Кхм, а јас би сакала да ги поздравам сите оние кои на денешен ден го слават Велигден! За многу години нека е.
СП до Хипстер - Бидејќи е една супер и кул особа. И се мачи да ми објаснува, имајќи живци. Серафима - Бидејќи ми е многу мила и многу ја засакав. Брајт - Пред се затоа што е Охриѓанка. Шилеа - Со која што се надевам дека ќе си го исполниме договорот ;] Гордана10 - Онака од ќејф Рок-а-фела - Интересен форумски лик ми е Мартинушка - Затоа што ми е колешка и за нешто друго, си знае она Најтвокер - Затоа што ме помоча од смеење пред некој ден Росоњерка - Интересна ми е и сакам да ја читам. И ги има најубавите кученца на свет ДипБлу - Онака од ќејф =] Мерлин-Монро - Се губиш Стружанке :]
До форумџикава над мене ^ баш ме израдува прееска И до сите што ги фаќа несоница, вечерен глад, ама тврдокорно се борат против сендвичите и грицките во 1 по полноќ!
Сп и до тебе Горде Додека сум тука сакам да ве поздравам вас сите на свој начин посебни. Листава подолга ама така ми посака душава бидете поздравени ,среќни и весели Џули,Ариел,Виножитка,Лилит,Гоу,Сесилија,Енца,Фемина90,Теодора,Трендафилка Анат,Жапче, Иренна,Хипи,Геа,Кате21,Пирамида,Марли и Мерлинка .Сп и до Офи каде и да си Некои од вас со подолг стаж на форумов од мене ,со некои сум разменила мислење , сте ми украле по некоја насмевка,сме се дружеле ,сум споделила добри и лоши моменти, и сум научила по нешто . Знам дека некого заборавив... Имајте убав ден.
Инспирирана од поздравот до кромидојадачите, морам да упатам еден контра до сите што не јадат кромид и лук поради непријатниот вкус и миризба, само онака во јадење ако го има и ако не се осеќа многу. Исто морам ама морам уште еднаш да ги поздравам матурантките, леле леле фул е периодов, а?